• Latest
Ерол Ризаов

Убиствата на булеварот на смртта

February 5, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Убиствата на булеварот на смртта

Комар, алкохол и дрога идеални за лудило и јавање на полноќ на сто или двесте коња

February 5, 2025 13:01
in СТАВОВИ, ТОП 5
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Пред земјотресот живеевме на улицата „Народен фронт“, карши некогашната злогласна „Криминална полиција“, така ја викаа. Денес тоа е улицата „Наум Наумовски – Борче“. Нашата куќа, како и стотици други се наоѓаа, или пак им беше дворно место, сегашниот булевар „Партизански одреди“. Кога сето тоа се разурна и луѓето ги раселија по новите населби, осамна најубавиот булевар во главниот град, скопјани го нарекоа „Партизанска“.

Беше голем престиж да се живее од двете страни на булеварот, многу повеќе отколку на Водно. Никнаа како печурки првите убави куќи и згради. Дали поради тоа, или од некаква завист, на шега „Партизанска“ ја викавме „бандитен штрасе“, со алузија како Германците ги викаа партизаните.

На секои 10 до 15 минути поминуваше по еден автомобил. Имаше и некои сериозни критики, се разбира не јавни, што ни треба толкава двонасочна магистрала среде град. Кога Скопје ќе има толку сообраќај.

Не помина долго време булеварот стана претесен и опасен по живот. Паднаа и првите жртви. Убавата „Партизанска“ стана булевар на смртта, авионска писта за ноќни автомобилски и мото трки. А, од Влае до центарот на Скопје се наредија една до друга над 30 коцкарници и уште толку кафулиња полни со млади луѓе кои се налеваат до доцните ноќни часови со високооктанско гориво. Комар, алкохол и дрога идеално за лудило и јавање на полноќ на сто или двесте коња.

За неколку години „трките“ на sидот на смртта се преселија и на другите булевари и улици. Тоа со години сите го гледаме што стана толку вообичаено па убиствата и тешките повреди со траен инвалидитет завршуваа со рутински извештаи во црните медиумски хроники како нешто нормално. Вестите во низа се банализираа како извештаи од крајот на светот: „Синоќа на булаверот ‘Партизанска’, ‘Јане Сандански’, ‘Србија’, ‘Пластичарска’… се случи тешка сообраќајна несреќа, животот го загуби едно лице, двајца се тешко повредени, лекарите се борат за нивниот живот“. И толку. Повремено кога ќе згасне млад живот, ќе се крене неколку дена прав. И пак толку.

И како што обично бива кај нас додека стаса судската разврска поминуваат години, краткото паметење нашата најдобра олимписка дисциплина, врските, корупцијата, се сведува на казна како да сте прегазиле мачка, а не човек.

Толку за нашата неправда за која толку врескаме кога некој друг ни ја нанесува повредувајќи ни ја гордоста и достоинството. Тоа е таа наша „стимулативна“ казнена политика за убиствата на сообраќајниците од лудаци.

Од тоа пострашно е односот на надлежните институции кои се одговорни и постојат и ги плаќаме за превентивата, за контрола на сообраќајот, за заштита на граѓаните и за почитување на законите, за нашето образование и за нас родителите и домашното воспитување. Тоа се нашите непростиви гревови. Постојат уште многу други причини што, не само Скопје, туку и целата држава се претвори во картел за производство на дрога, коцкарници, лихварници, дилери, диви јавни куќи, рекетари, ограбувачи, пиромани, разни насилници…

Дали некој надлежен во државата, или амбициозните истражувачки новинари и медиуми имаат направено некое истражување колку убиства, грабежи и трагедии се случуваат во Македонија поради погоре наброените речиси легални криминални банди кои практично се под заштита на државата и на криминалците со бели крагни кои на овој начин заработуваат милиони, а цената на животот паѓа стрмоглаво. И ако има такво истражување, досега не сум видел, колку тоа повлијаело нешто да се преземе. Сите надлежни институции за заштита на граѓаните со својот однос кон ова зло стануваат соучесници во убиствата прифаќајки ги спрегите на криминалците и политиката на неказнивост, најчесто диктирана од високата политика и со корупција.

Протестите за убиството на Фросина Кулакова се последна надеж дека партизираните институции на системот конечно ќе почнат да ја работат својата работа. Револтот на илјадници луѓе кои излегоа на скопските улици  не се само поради неказнивоста и пропустите во судскиот систем, иако политиката го дава тој предзнак, туку многу повеќе за цела низа зарибани надлежни институции, поточно на целиот институционелн систем на Македонија. Има милион закони во државата кои се штанцаат секој ден во Собранието и стојат како мртво слово на хартија. Време е да се применуваат. Ако има некој свеж ветер кој доаѓа од север, тоа се студентите од Србија. Тие не бараат ништо друго освен институциите да си ја  работат својата работа без притисок од власта. Крвавите раце се појавија и во Скопје.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ