Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „нелегитимни и неосновани дејствија насочени кон Америка и нашиот близок сојузник Израел“, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Мерката поставува финансиски и визни ограничувања за поединци и нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС на американски граѓани или сојузници.
Трамп ја потпиша мерката додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше во посета на Вашингтон.
Минатиот ноември МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху поради наводни воени злосторства во Газа, што Израел го негира. МКС издаде и налог за командант на Хамас.
Подготви: Д. Мишев