• Latest

24 ЧАСА: Трамп ја најави првата средба со Путин; Правата на Бугарите се прашање на темелните европски вредности; Тензично во албанското собрание; Хамас ќе ги ослободи израелските заложници

February 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Трамп ја најави првата средба со Путин; Правата на Бугарите се прашање на темелните европски вредности; Тензично во албанското собрание; Хамас ќе ги ослободи израелските заложници

February 13, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Трамп ја најави првата средба со Путин во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека очекува да го види својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија на нивната прва средба откако републиканецот ја презеде функцијата, објави ПОЛИТИКО, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

Трамп ги даде забелешките по речиси 90-минутниот телефонски разговор со Путин во кој двајцата лидери разговарале за ставање крај на целосната инвазија на Москва на Украина.

„На крајот очекуваме да се сретнеме. Всушност, очекуваме дека тој ќе дојде овде, а јас ќе одам таму, и ќе се сретнеме веројатно во Саудиска Арабија за прв пат, ќе се сретнеме во Саудиска Арабија, да видиме дали можеме да направиме нешто“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бугарско МНР: Прашањето за правата на Бугарите не е билатерален спор, туку е прашање кое влијае на темелните европски вредности и стандарди

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување и категорично ги осудува изјавите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

-Сакаме да нагласиме дека прашањето за правата на Бугарите во Република Северна Македонија не е билатерален спор меѓу нашите две земји, туку е прашање кое влијае на темелните европски вредности и стандарди.

Напредокот во процесот на европска интеграција на РСМ е можен само преку целосна и сеопфатна имплементација на Европскиот консензус, договорен и усвоен од Советот на ЕУ во 2022 година, чиј важен дел се измените на Уставот на РСМ.

Почитувањето на правата на малцинствата и обезбедувањето на нивната еднаквост се основни принципи на Европската Унија. Во овој контекст, Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има одговорност да го усогласи своето законодавство и практика со овие принципи, се наведува  во ставот на бугарското МНР.

РЕГИОН

Тензично во албанското собрание, опозицијата ја блокира говорницата, пратеник на ДП го искорна микрофонот

Опозициските пратеници ја блокираа говорницата на денешната седница во Парламентот на Албанија, кога збор зеде министерот за внатрешни работи, Таулант Бала.

Во еден момент од судирот бил забележан пратеникот на ПД Петрит Дода како го искорнал микрофонот и се обидел да го удри Бала.

Службениците за ред и мир излегоа и на говорницата и се обидоа да ја смират ситуацијата, по што седницата продолжи со уште една пресметка меѓу министерот Таулант Бала и пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока.

СВЕТ

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за примирје во Газа, ќе ги ослободиме заложниците според планираното

Хамас денеска соопшти дека ќе ги ослободи израелските заложници според планираното, со што треба да се реши големиот спор што се закануваше да го попречи примирјето во Појасот Газа.

Палестинската група во соопштението наведува дека ќе го спроведе договорот за примирје со Израел и дека египетските и катарските посредници потврдиле дека ќе работат на „отстранување на сите пречки“.

Светски ден на радиото: Медиум посилен од времето

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата за промена на државниот грб?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ароганцијата на премиерот е повеќе од очигледна – кога е во прашање одредување на најниската плата во земјата – среде општонародниот протест против постојаното ценовно стампедо што никако да добие знаци на стабилност. Без решение за кризата со цените, тој постојано бара начин да го одложи утврдувањето по која цена работодавецот ќе ја плаќа цената на трудот, која инфлацијата ја турка надолу. Мицковски смета дека работниците треба да ја сменат диоптријата со која гледаат на својата сѐ попразна трпезариска маса.“, пишува авторот Љубомир Костовски во анализата „ЛОГИКАТА НА МИЦКОСКИ: Ако немате за леб, јадете колачи“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ