• Latest

Синдикалната или кошница изработена од неколку институции ќе биде репер за реалните трошоци на граѓаните

February 15, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025

Протестот во Кочани пред полицијата: „Вие сте виновни за смртта на нашите деца“

August 10, 2025

Трамп ја номинираше портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во ОН

August 10, 2025

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

August 10, 2025

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 10, 2025

Стармер и Макрон ќе работат за праведен и траен мир во Украина

August 10, 2025

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Синдикалната или кошница изработена од неколку институции ќе биде репер за реалните трошоци на граѓаните

February 15, 2025 09:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Што и како треба да содржи минималната потрошувачка кошничка и дали пресметките што ги прави Сојузот на синдикати за минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство се релевантни е дилемата што се отвори на последниот Економско-социјален совет на кој немаше договор за зголемување на минималната плата.

Според МИА, на предлог на Организацијата на работодавачи треба да се направи официјална потрошувачка кошничка која ќе биде формирана од страна на неколку членови од различни институции.

– Сметаме дека таа ќе биде официјална, институционална потрошувачка кошница која ќе ги земе предвид сите оние потрошувачки елементи кои се релевантни за една кошничка. Сите се стремиме кон Европска унија и она што го истражувавме минатиот период беше дека Европската комисија нема директива по однос на потрошувачката кошница и дека секоја држава во регионот и во Европа има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, изјави на 3 февруари претседателката на ОРМ Владинка Трајковска по седницата на ЕСС.

Од ССМ, кои од 2010 година ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, остануваат на ставот дека нивната пресметка е релеватна и одговара на реалните потреби на граѓаните. Формирањето на ново тело кое ќе ги прави пресметките го гледаат како обид да се минимизираат синдикатите и да не се зголемат минималната и останатите плати.

– Она што го критикуваат во нашата кошничка е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока -кола и една чаша сок од портокал. Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека, ни четири јогурта, а не за појадок, ручек или вечера, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по седницата на ЕСС.

Ако се споредат пресметките што ги прави Сојузот на синдикати и она што го правеше Државниот завод за статистика може да се забележи дека се речиси исти производите што влегуваат во потрошувачката кошничка.

 

И двете кошнички ги содржат основните прехранбени производи како леб, брашно, тестинини, ориз, шеќер, кафе, какао, јајца, млеко, вино, пиво, безалкохолни и алкохолни пијалоци, кутија цигари, млеко, кисело млеко, јогурт, сирење и други млечни производи.

Во делот на овошјето, во пресметките на Државниот завод за статистика ставени се јаболкото, крушите, црешите, грозје, кајсиите и праските, тропското овошје, лубеницата и дињата и преработките од овошје, а истите овошја се сретнуваат и кај синдикалната потрошувачка кошничка со тоа што наместо тропско овошје посочени се бананите, лимонот и портокалите. Иста е ситуацијата и кај зеленчукот, месото и рибата.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека нема да навлегуваат во тоа дали е потребна нова потрошувачка кошница, но според нив треба да се покачат платите согласно колективните договори.

– Ние се водиме од порастот на трошоците на живот според Државниот завод за статистика. Нашиот предлог е да се направи кошница со основни продукти за храна и пијалоци и тие да се држат под контрола. Дали треба да има нова кошница или не, не навлегуваме во разговор, но нашиот став е дека треба да се покачат платите согласно колективните договори и тоа го бараме секогаш, вели во изјава за МИА претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Подготовката на кошницата да биде транспарентна и да се заснова на заедничка прифатлива методологија

Професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје за МИА посочува дека потребно е да се направи отворена дискусија за системот на подготовка, да биде јавно презентирана, заснована на заеднички прифатлива методологија и да го одразува реалниот стандард на граѓаните.

– Она што треба да го посочиме е дека подготовката на секоја кошничка или алатка, која на било кој начин е поврзана со стандардот на граѓаните и нивните примања (минимална плата, пензија итн ), треба да биде подготвена на транспарентен начин, врз заедничка прифатена методологија, да го одразува реалниот стандардот на граѓаните во конкретната земја/регионот, сите сакаме повисок стандард, но можностите се лимитирани и не треба да има никаков сомнеж и дилема околу нејзината улога и висина. Затоа голем дел од пресметката на овие кошнички во другите земји го прават државните заводи за статистика или институции кои имаат континуиран пристап до потребните податоци и го имаат потребниот капацитет, кредибилитет и експертиза за нивно редовно и одржливо пресметување, вели Треновски.

Според него, важно е и на граѓаните да им се презентира зошто се разликуваат и што одразуваат различните кошници (минимални, просечни, синдикални…)

– Затоа што само ако се реално утврдени, ќе бидат од корист за креирање на политики, кои ќе ги почувствуваат граѓаните, нагласува професорот Треновски.

 

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува до крајот на месецов да биде готова методологијата по која ќе се пресметува потрошувачката кошница.

Во телевизиско гостување, Дурмиши соопшти дека веќе е одржан еден состанок во Министерството за економија на кој присуствувале претставници од  министерствата за финансии и за земјоделство, Царината, Државниот завод за статистика и Пазарниот инспекторат и дека ќе следуваат уште неколку состаноци по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет.

ССМ: Групата со храна и пијалоци преземена од Државниот завод за статистика и содржи 63 производи 

Синдикалната потрошувачка кошничка се изработува од 24 февруари 2010 година, а дванаесет години подоцна констатирани се низа недоследности поради што ССМ во консултација со економски ескперти изработи новата методологија за пресметка на минималните месечни трошоци.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека делот со храна и пијалоци е преземен од Државниот завод за статистика и ги содржи истите 63 производи што ги имала синдикалната потрошувачка кошница и во 2010 година и во 2023 година.

– Сметавме дека ревизијата на потрошувачката кошница треба да е креирана врз основа објективна, независна и транспарентна методологија усогласена со меѓународните стандарди и препораки се со цел да се дизајнира потрошувачка кошница која би ја одразувала реалната слика на структурата на потрошувачката на домаќинствата во Македонија, се вели во публикацијата објавена минатата година по повод новата методологија на пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка.

 

Синдикалната кошница опфаќа трошоци на семејство со двајца родители и две деца ученици кои живеат во сопствен стан од 60 квадрати. Семејството, како што е наведено во публикацијата, ги купува само основните прехранбени производи и притоа прават споредба со производите барајќи ги оние со пониски цени.

– Можат да си ги дозволат само основните производи за домаќинството. Кога купуваат облека секогаш предимство им даваат на производите кои што имаат попуст. Поседуваат еден мал автомобил, а повозрасното дете има и месечен билет за автобуски превоз. Сите членови на семејството се здрави и користат главно превентивни или најнеопходни здравствени услуги. Не можат да си дозволат да јадат во ресторани, единствено два пати месечно можат да си дозволат храна од сендвичара и одат на одмор во бунгалов во Дојран 7 дена во јуни, се наведува во публикацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: синдикална кошничкаССМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ