• Latest
Фото: ЕЕАС

Рокас: Постои неотповиклива желба на ЕУ да помогне во евроинтеграцијата на Северна Македонија

February 17, 2025
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Кримска платформа: Повик за ослободување на затворениците на рускиот систем – случајот на новинарот Вилен Темерјанов

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рокас: Постои неотповиклива желба на ЕУ да помогне во евроинтеграцијата на Северна Македонија

February 17, 2025 14:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЕЕАС

Фото: ЕЕАС

Share on FacebookShare on Twitter

Постои неотповиклива желба на Европската Унија да помогне во евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Тука сме да помогнеме за што е можно поскоро да се спроведат неопходните реформи во земјава, со цел граѓаните да видат кои се придобивките во реално време од овие реформи, порача денеска во Скопје амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас на денешната промоција на Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“.

Според анализата, поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани.

Амбасадорот Рокас во своето обраќање рече оти анкетата покажува дека е потребно детално да ги разгледаме овие наоди и да видиме каде можеме да направиме одредено подобрување.

Тој рече дека главната порака на амбасадорите до граѓаните треба да биде уверувањето дека проширувањето ќе се случи и дека е со опиплива вредност.

-Од една страна, треба да се помогне со ставање на фокус на убрзување и што е можно поскоро спроведување на неопходните реформи, така што самите граѓани ќе можат да видат кои се придобивките во реално време од самите реформи, а од друга страна политички, треба да се справиме и со поголемите предизвици кои се случуваат во Европа, подвлече Рокас.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во своето обраќање денеска напомена дека земјите од ЕУ се партнери во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во Унијата.

-Ако не верувате во можноста позитивно да се влијае на процесот, тогаш тој процес не треба ни да го започнете. Дефинитивно, тоа е нешто што во голема мера зависи од чекорите кои се преземени во регионот. Она што се покажа за време на Конференцијата за безбедност во Минхен е дека Европа се наоѓа на една критична и егзестенцијална раскрсница по однос на безбедноста. Тоа не потсетува за што всушност е основана Европската Унија. Тоа е Унија која што би требало да гарантира мир, слобода, стабилност и просперитет за своите луѓе и за своите соседи. Важно е да се потсетиме дека тоа е во сржта на она што треба да го бараме и постигнуваме заедно, рече Дрекслер.

Говорејќи за резултатите од анкетата, Дрекслер напомена дека е позитивно изненадена и оти граѓаните јасно го кажале своето мислење каде припаѓаат, а тоа е во Европа. Според Дрексер, стапката на поддршка за влез во ЕУ е навистина висока.

-Јас без позитивно расположена кога ги видов резултатите од оваа анкета. Она што го видовме е дека граѓаните кои беа анкетирани, јасно го истакнаа изборот каде припаѓаат – во Европа. Тука нема никакво сомнение. Дури и со намалувањето на довербата што се гледа во последните години, а тој тренд беше запрен, стапката на поддршка е 60 проценти, тоа е навистина силна поддршка, додаде таа.

Таа е на ставот дека на Европа се гледа како на доверлив и долгорочен силен партнер.

-Мислам дека тоа е нешто на кое што треба постојано да работиме. Според мене, заклучоците се позитивни и мислам дека имајќи ги во предвид сите предизвици со кои се соочуваме, една работа е јасна. Ние сме партнери заедно – земјите на ЕУ и Северна Македонија. Ние сме партнери во процесот на пристапувањето и ќе продолжиме по тој пат, додаде Дрекслер, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ