• Latest

Етничко чистење во тајните служби на Северна Македонија, алармираат од ДУИ

February 19, 2025

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Етничко чистење во тајните служби на Северна Македонија, алармираат од ДУИ

Добро осмисленото етничко исклучување, чија цел не е само маргинализацијата, туку оживување на опасна менталност која со децении ја перцепираше албанската популација како „внатрешен непријател“, велат од партијата од Мала Речица.

February 19, 2025 11:32
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција – директор, заменик-директор или помошник-директор – во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Военото разузнавање, не е во рацете на Албанците, велат од ДУИ.

„Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија. Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација против заедница што претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на државата. Напротив, ова е намерно, добро осмислено исклучување, чија цел не е само маргинализацијата, туку оживување на опасна менталност која со децении ја перцепираше албанската популација како „внатрешен непријател“, велат од партијата од Мала Речица.

Од таму додаваат дека веродостојните информации што зборуваат за масовно вработување на десетици, ако не и стотици, неалбанци на клучни позиции во тајните служби се доказ дека ова не е обичен административен процес, туку стратегија за претворање на безбедносните агенции во инструменти за политичка и етничка контрола, со што темелно се поткопуваат принципите на еднаквост и правична застапеност.

ДУИ упатува итен повик до НАТО, Европската Унија и сите меѓународни фактори кои ги познаваат безбедносните динамики на Балканот, да интервенираат веднаш и да не дозволат ова чистење да помине во тишина.

„Систематското исклучување на Албанците од безбедносните структури не е само удар врз една одредена заедница – тоа е директна закана за стабилноста, меѓуетничката кохезија и евроатлантската ориентација на Северна Македонија. Последиците од овој неодговорен пристап може да бидат драматични и постепено да го вратат длабокото недоверие меѓу Албанците и државата, а особено кон безбедносните структури. Ова е предупредување што не може да се игнорира“, велат од ДУИ.

Од партијата нагласуваат дека е време за мудра и брза акција, за да се спречи враќањето на практиките од минатото кои произведоа само поделби, несигурност и дестабилизација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ