• Latest

Героски: Пропагандата го обесмислува новинарството!

March 2, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Героски: Пропагандата го обесмислува новинарството!

March 2, 2017 16:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сé се смени во моментот кога дојде една структура, еден режим, во таа 2006 година, можеби и порано, кој малку подобро од претходниот, кој исто така беше режим, но не баш ваков, го сфати вицот. Изборите не се добиваат во изборната кампања, изборите не се добиваат на изборниот ден, туку се добиваат со перманентна изборна кампања, со перманентна пропаганда. Вицот е во тоа да ја користите едниствената најголема каса во Македонија – државната каса… Пропагандата на овој начин, го обесмислува покривањето, известувањето, па и новинарството“, рече уредникот на „Слободен печат„ Бранко Героски на на панел-дискусијата  „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“, што се одржа минатата недела во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, 

„Сакам да ве потсетам како се покриваа првите неколку избори во Република Македонија. Се сеќавам дека на Македонската телевизија со часови одеа, со шублер измерени минути, бесплатни претставувања на кандидатите…, потоа, дебати во кои како на квиз имаше со ѕвончиња, па се прекинуваа, реплика, контра реплика…. Во весниците имавме цели страници кои посебно ги издвојувавме за бесплатно претставување на кандидатите, бидејќи сметавме дека тоа е наша обврска. Сакам да ви кажам дека тоа беше еден почетен период на ентузијазам, и имаше некакви обиди нешто да се направи“, рече Героски.

„Една од техниките на пропагандата е да ги направи луѓето мрзливи. Не мора да известувате ако сé ви се сервира. Нормално, ги имате тие соопштенија и не мора да одите на терен. Имате лајв-стримови од сите настани. Тоа се совпадна со природната мрзливост на медиумите и со она што е сега мода или ‘фенси’… Фенси е да се залажувате со квазидебати. Фенси е да одглумиме нешто што се нарекува истражувачко новинарство. Ние сме црна дупка на Балканот и како земја и како новинарство. Милиони евра се потрошија за развој на медиумите во Македонија, а не добивме производ! Медиумите, како и секоја друга индустрија, мора да произведуваат производи, кои луѓето ќе ги купуваат. Ние немаме производство! И ние се вртиме во круг“, рече Героски.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Моника Талеска

Tags: државна касамрзливостперманентна кампањапропагандарежимфенсицрна дупка на Балканот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ