• Latest

Протест против молкот на власта за Димитриеска Кочоска, СДСМ нема да учествува на седница посветена на 8 март ниту во Клубот на пратенички

March 7, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протест против молкот на власта за Димитриеска Кочоска, СДСМ нема да учествува на седница посветена на 8 март ниту во Клубот на пратенички

March 7, 2025 13:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната прес-конференција соопшти дека тие нема да учествува на пленарната седница посветена на 8 март. Нивното отсуство, како што беше истакнато, е протест против неправдата, дискриминацијата и премолчувањето на навредите кон жените.

– Во пресрет на 8 март – Меѓународниот ден на жената, ја изразуваме нашата почит и благодарност кон сите жени кои се бореле и кои и денес се борат за еднакви права и подобра положба во општеството. Собранието на Република Северна Македонија, токму во таа насока, веќе трета година по ред одржува пленарна седница посветена на прашањата за родовата еднаквост, иницијатива што започна во 2022 година кога парламентарното мнозинство беше предводено од СДСМ. Но, да се зборува за родова еднаквост, за заложби и достигнувања, додека само пред неколку дена од собраниската говорница беше изречена тешка навреда и дискриминација кон жените – е крајно лицемерно и срамно, истакна пратеничката Јована Тренчевска.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, со нејзините навредливи и понижувачки зборови, како што беше истакнато, покажала крајно непочитување кон жените во општеството.

– Она што е уште позагрижувачко е што не следеше никаква реакција ниту од неа ниту од Собранието ниту од Клубот на пратенички. Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која ја водеше седницата, остана нема, го премолче скандалот. Овој молк е подеднакво загрижувачки како и навредите што беа изречени, децидна беше Тренчевска.

Таа додаде дека пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ во Клубот на пратенички спречија институционална реакција и осуда на дискриминацијата.

– Иако првично се согласија дури и со ублажени формулации, добија наредба од партијата и истиот ден се повлекоа. Наместо да одлучуваат жените кои се избрани тука во Собранието, пратеничките на ДПМНЕ дозволија Мицкоски да одлучува за нив. Кога молчиш пред навредите, пред дискриминацијата, тоа значи дека ги поддржуваш. Денешната седница треба да биде простор за дебата за правата и положбата на жените, но, како да учествуваме во дискусии кога истите тие кои требаше да реагираат – молчат, нагласи Тренчевска.

Беше нагласено и дека нема да учествуваат во лицемерни процеси и да прифаќаат молк пред неправдите.

– Затоа, пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествуваат на пленарната седница посветена на 8 март. Нашето отсуство е протест против неправдата, дискриминацијата и премолчувањето на навредите кон жените. Дополнително, пратеничките од СДСМ и коалицијата нема да учествуваат во работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности во Собранието, сѐ додека не видиме конкретна акција и осуда на навредливите изјави. Нема да запреме со реакциите сѐ додека таа не ја поднесе оставката или не биде разрешена, беше порачано на прес-конференцијата.

Како што изјави Тренчевска, 8 март не е само ден за честитки – туку и ден за акција.

Фото и видео: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ