• Latest

Училиштата да ги заштитат учениците и да не дозволат да се создаваат поделби!

March 6, 2017
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Училиштата да ги заштитат учениците и да не дозволат да се создаваат поделби!

March 6, 2017 16:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И Младинскиот образовен форум, со отворено писмо до јавноста, реагира за користењето на млади и деца во протестите, провокациите и вербалните напади и одговорноста ја посочува кај образовните институции. 

„Последниве денови се вршат политички притисоци врз учениците кои се спротивни на Конвенцијата за заштита на правата на детето. Јавноста е сведок дека учениците се изложени на тенденциозни провокации – се лепат стикери дека ќе бидат казнети доколку не знаат албански јазик, се поставуваат лажни свидетелства и на учениците им се читаат соопштенија дека треба да одат на протест за да ја спасат унитарноста на државата. Пласирањето лажни информации кои манипулираат со средношколците ги оттргнува од правото и одговорноста кон сопственото образование. Ваквите акции подгреваат национална нетрпеливост додека истовремено, создаваат стрес и чувство на измаменост кај средношколците”, се вели во Отвореното писмо на МОФ

Според МОФ, „учениците треба да бидат оставени самите да размислуваат и критички да се изразуваат, а секое наметнување туѓ став врз нив, секое заплашување и злоупотреба, најостро го осудуваме. Директорите, професорите и родителите треба да реагираат на секоја намера – учениците да бидат вмешани во агендата на политичките партии и под превезот на нивното право на здружување, да се поткреваат меѓуетнички тензии. Вакви активности на долг рок ќе донесат сегрегација и отуѓување на младите, зголемување на говорот на омраза и креирање конфликти“.

„Жалиме што учениците почнуваат да се прашуваат на кои начини може да се заштитат, бидејќи се чувствуваат небезбедно да одат на училиште или да се движат по улица, поради својата етничка припадност. Срам е што острите реторики се користат за да се создаде привидна меѓуетничка тензија. Од ова најзагрозени се најмладите, посебно затоа што училиштата треба да претставуваат безбедна средина во која нема да чувствуваат страв поради своја различност од другите“, потрецнираат од МОФ.

„Поради тоа што одговороста е кај образовните институции, бараме училиштата да не дозволат ширање тенденциозни материјали, постери или соопштенија, да ги заштитат учениците од присилување за излегување на протести и да не дозволат да се создаваат поделби меѓу учениците. Ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат ситуациите на терен и информациите кои се шират во јавноста а се однесуваат на злоупотреба на малолетници за остварување политички цели„, апелира Форумот.

„Последните години покажаа дека учениците и студентите знаат да ја користат слободата на здружување и изразување преку Средношколскиот пленум, како форма на самоорганизирање, за цел своите препораки за подобрување на средното образование да ги пренесат кон институциите. Овие форми на активно граѓанство сведочат дека учениците имаат директен интерес за образовните политики и средношколските права, но не смее да се доведеме во ситуација тоа да биде присилно, без да потекнува од нив самите и на штета на нивното образование и соживот“, се вели во писмото на МОФ

Tags: Конвенцијата за заштита на правата на дететоМОФодговорностотворено писмоотуѓувањесегрегацијасоживот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ