„Напумпамо ве на избори. Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав…“, гласи пораката со експлицитен говор на омраза на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој на својата Фејсбук страница, објави скриншот од статусот на организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Косовски кој јавно ги поддржа денешните студентски протести во Белград со порака „Пумпај”.
Зборот „пумпај“ стана вирално откако за време на еден протест дојде до мал конфликт со полицијата и при обидот да се отстрани полиската барикада еден од присутните демонстранти извикуваше „пумпај“.
„Пумпај“ стана вирален израз на студентите во борбата против власта на Вучиќ.
ЦМТ