• Latest

24 ЧАСА: Ден по трагедијата во Кочани; на протести се бара одговорност; дезинформации, манипулации и релативизација на несреќата; министерката за образование исвиркана од студентите

March 17, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ден по трагедијата во Кочани; на протести се бара одговорност; дезинформации, манипулации и релативизација на несреќата; министерката за образование исвиркана од студентите

March 17, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје…

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани

Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство…

МНР објави листа на контакти на ДКП во земјите каде се хоспитализирани наши државјани

Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, МНР и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани…

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка

Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани, објави Љупчо Папазов на својата Фејсбук страница…

Протести во Кочани и Штип се бара одговорност

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот…

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани

Студентите на УКИМ денеска на Платото на Универзитетот одржуваат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.

Таравари: До крајот на денот 26 од настраданите во пожарот во Кочани ќе се испратат во Словенија, Хрватска, Австрија и Србија

Три пациенти од Кочани се донесени во Скопје, во Штип и Кочани остануваат болниците без пациенти. 84 вкупно се во Скопје, до крај на денот 26 ќе се испратат во Словенија 4 пациенти, Хрватсска 4, во Австрија 6, во Белград 12 пациенти, во Скопје ќе останат 58 пациенти“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари…

РЕГИОН

Во Ургентниот центар во Белград префрлени 9 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во исклучително тешка состојба

Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот…

СВЕТ

САД се повлекуваат од групата која го истражува руското раководство за злосторства против Украина

Министерството за правда на САД ги информирало европските претставници дека се повлекуваат од меѓународната група која ги истражува руските лидери за злосторството за агресија извршено врз Украина.…

ФОРУМ

ЦИТАТИ

 

АНАЛИЗИ

Вчерашните (дез)информации што ги споделуваа медиумите беа дека во дискотеката имало околу 1.500 души и околу 80 загинати, што според официјалните податоци се потврдува дека тоа беа шпекулации и дезинформации. Најмногу дезинформации се објавуваа за пејачот на ДНК, Андреј, дека исчезнал, дека е во болница со повреди, за на крај да се воспостави дека е меѓу загинатите, пишува Дехран Муратов во анализата „Трагедија во Кочани: Дезинформации, манипулации и релативизација“

СЛОБОДНА ЗОНА

И кога сите очекуваа говорници на собирот да бидат студентите, на насобраните прва им се обрати Ректорката, а по неа излезе Министерката за образование , која, каква ли иронија, застана да зборува токму пред Филозофскиот факултет, чии предмети етика и логика неодамна ги укина од програмата за средното образование. И тука се случи незгодна ситуација. Министерката беше дочекана од студентите со свирежи и извици УА, по што престана да зборува и си замина, пишува Драган Мишев во “Министерката за образование исвиркана од студентите на собирот пред УКИМ“.

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ