Граѓани денеска протестираа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица. Протестот почна од паркот, од каде граѓаните продолжија кон општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“, за потоа да фрлаат со јајца врз зградата и да бараат да излезе градоначалникот.
Од пред општината, тие продолжија кон куќата на градоначалникот Папазов, каде за среќа се појави свештеник кој ја смири гневната толпа луѓе и спречи поголем инцидент.
Според објавеното видео од Телевизија Стар-Кочани, по смирувачките зборови на свештеникот, насобраната толпа се повлече.
М. Д.