• Latest
Фото: Колаж од Фронтлајн

Громогласната тишина говореше на собирите во повеќе градови, Македонија тагува и бара правда

March 19, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Громогласната тишина говореше на собирите во повеќе градови, Македонија тагува и бара правда

March 19, 2025 10:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Колаж од Фронтлајн

Фото: Колаж од Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера во повеќе градови во Македонија граѓаните на јавни собири изразија сочуство за жртвите од трагедијата во Кочани и побараа одговорност и правда.

Скопје за Кочани

На плоштадот во Скопје неколку илјади граѓани на Јавниот собир на повик на иницијативата „Кој е следен?“, оддадоа почит и побараат одговорност и правда за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Лесно запалива држава“,„Ќе немаше волку крв ако се беше по закон“, „Парите со крвави раце ги броите“, „Од алчност децата ги претворивте во пепел, а родителите ги завивте во црно“, „Вашиот систем уби една цела генерација иднина“…, беа дел од паролите што ги носеа присутните граѓани.

Собирот започна со 16 минутен молк. Создавајќи ѕвездено небо присутните изразија сочувство и заедништво.

Тишината провејуваше за цело време на собирот. Молкот зборуваше за достоинството и почитта на граѓаните за настраданите кои палеа свеќи и положуваа цвеќе.

Куманово за Кочани

Кумановци, пред сè млади се собраа на градскиот плоштад да им оддадат почит на загинатите во пожарот во Кочани. Граѓаните запалија свеќи пред фотографиите на починатите.

Дел од младите носеа транспарентни со кои направија обиколка на главните градски улици, булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“, извикувајќи „Правда за Кочани“, „Доста е корупција“, „Правда за Македонија“.

Дел од нив преку транспарентните ја искажаа својата тага, но и побараа и одговорност од надлежните институции за овој трагичен настан.

Кумановци и вчера мирно се собраа на градскиот плоштад, каде одадоа почит на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените.

Општина Куманово одвои два милиони денари за семејствата на загинатите и семејствата на повредените од пожарот во Кочани.

Битола за Кочани

Битолчани со свеќа и цвеќе оддадоа почит на загинатите лица во Кочани и изразија протест против институциите што не успеаја да спречат трагедијата.

Поворката почна од плоштадот Магнолија, насобраниот народ се движеше по Широк Сокак, до битолскиот Офицерски дом каде кон небото беа пуштени црни балони.

Македонија тагува, трагедија која нема да се заборави, но не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, луѓе страдаат и бараат лек, а болниците не се подготвени за вакви масовни несреќи. Здравството е ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата. Сите си заминуваат, а ние што останавме тука умираме еден по еден бидејќи државата не” заборави. Ние ќе се бориме за правда, изјави Леонардо Соколов, член на организацискиот тим на собирот во Битола. Учесниците на собирот побараа корупцијата да се искорени од сите институции.

Штип за Кочани

Во тишина, со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на петмината штипјани загинати во дискотеката во Кочани, како и датумите на сите големи несреќи во земјава се одржа собир во Штип.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одадоа почит на загинатите.

Роднини, другари, другарки, граѓани се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“, а потоа во поворка одеа низ улиците на Штип, поминувајќи покрај соборниот храм „Свети Никола“, каде што биеше и камбаната, по што по улицата покрај кејот на река Брегалница поворно се вратија на Градскиот плоштад „Слобода“.

Струмица, Гевгелија и Валандово за Кочани

Со собир одбележан со молк, палење свеќи и потпишување во книгата на жалост вечерва на Градскиот плоштад во Струмица голем број граѓани им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани, но и на струмичанецот Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која трагичната вечер имаше концерт во дискотеката „Пулс“.

Со пароли во рацете младите испратија порка до институциите државата да функционира, а системот да биде без корупција.

Освен во Струмица, собири со молк и палење свеќи се одржаа во Валандово и Гевгелија.

Кавадарци за Кочани

Одговорност побараа кавадарчани на градскиот плоштад, оддавајќи почит кон загинатите во дискотеката во Кочани. Цвеќе и пораки испишани на транспаренти, се оставаат на споменикот на градскиот плоштад.

– Излегоа да слават, не да ги оплакуваме. Тие гореа, институциите замижаа. Празни чевли, полни гробишта, доста беше. До кога вака? Одговорност. Солзите се зборови што срцето не може да ги изговори. Оганот се уште гори во нас – се пораките оставени со многу емоции.

Убиство на младината е убиство на иднината, порачаа кавадарчани.

– Пепел сме за вас, но оган сме за правдата. Денес Кочани, утре кој – е испишано на еден од транспарентите.

Заедно со почитта кон загинатите, се изразува и поддршка кон нивните најблиски и повредените и нивните семејства.

Берово, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица за Кочани

Граѓаните на Делчево се солидаризираа со настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со палење свеќи во Градскиот парк, тие ја изразија својата почит кон загинатите во Кочани, а воедно упатија молитви кон повредените посакувајки им поскоро оздравување. Во Делчево во текот на вчерашниот ден беше отворена и Книга на жалост во црквата Св. Кирил и Методиј, а од страна на свештенството беа отслужени mолитви за покојните и потоа молитви за повредените за нивно побрзо опоравување. Сочувство до загинатите од несреќата во Кочани претходно изразија и жителите на Берово и Пехчево. Во Македонска Каменица граѓаните оддадоа почит кон својата сограѓанка Кети Милковска како и останатите кои ги загубија животитите во катастрофалната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Крива Паланка за Кочани

Неколку стотини млади луѓе, средношколци и граѓани на Крива Паланка во име на жртвите во Кочани се собраа тргнувајќи од градскиот парк, низ главната улица во градот, сѐ до зградата на општината на плоштадот „Карпошово востание“ каде што од вчера со палење свеќи на иницијатива на Советот на младите, се оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани.

Собирот се организираше на иницијатива на групата млади луѓе, средношколци од градот, кои вчера попладне во знак на сочувство со семејствата на загинатите и нивните најблиски, формираа група на социјалните мрежи „Вчера тие – утре ние“ која, како што велат, наиде на поддршка од страна на голем број нивни врсници, но и останати граѓани.

Пред општината со шеснаесет минутен молк симболично, во знак на кобниот датум на пожарот, присутните на собирот им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, по што запалија свеќи и се помолија за повредените, сместени на скопските клиники и во здравствените установи ширум Европа, со молитва за нивно побрзо закрепнување.

Младите иницијатори потенцираа дека само гласно го искажуваат револтот против несовесните и стравот од неизвесноста за нивната иднина.

Велат, навистина ни е страв, и ние одиме во разни локали за кои не знаеме дали се целосно безбедни и сигурни.

Порачувајќи дека ќе бидат во тек со случувањата и активностите на нивните врсници ширум државата, мирно се разотидоа.

На собирот беше видно присуството и на повозрасни граѓани кои не можеа да ја скријат тагата од несреќата што ја завитка во црно целата држава.

Во тагедијата по пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица а околу 150 се повредени.

Извор:  Фронтлајн / Ј. Ѓ.

Tags: собири низ градовитетрагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ