Од Независниот студентски сојуз (НСС) на УКИМ ги демантираат лажните информации објавени во некои медиуми дека утрешниот собир на студентите на платото на УКИМ е откажан.
– Сакаме јасно да кажеме дека собирот НЕ Е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни. Пленумот ќе се одржи како што е планирано – понеделник во 13:00 часот, Плато на УКИМ – се вели во реакцијата од НСС.
Претходно, одредени медиуми објавија дека НСС се повлекува од организацијата на собирот поради наводно партиско мешање. Сепак, од Сојузот категорично ги демантираат овие тврдења.