• Latest
СОМОТСКА РЕВОЛУЦИЈА Со учество на половина милион демонстранти се сруши системот во некогашна Чехословачка (фото извор: Wikimedia Commons)

Кога ненасилен протест е успешен?

March 30, 2025

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кога ненасилен протест е успешен?

March 30, 2025 17:16
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СОМОТСКА РЕВОЛУЦИЈА Со учество на половина милион демонстранти се сруши системот во некогашна Чехословачка (фото извор: Wikimedia Commons)

СОМОТСКА РЕВОЛУЦИЈА Со учество на половина милион демонстранти се сруши системот во некогашна Чехословачка (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Што било знак на успех на ваков протест? Првенствено биле земени предвид обидите за промена на режимот. Движењето се сметало за успешно ако целосно ги постигнало своите цели, и во рок од една година од врвот на своите активности и како директна последица на нивните активности.

Промената на режимот како резултат на странска воена интервенција не се сметала за успешна, на пример.

Што значи тоа ненасилни протести? Движењето се сметало за насилно ако вклучува бомбашки напади, киднапирања, уништување на инфраструктурата – или каква било друга физичка штета нанесена на луѓе или имот. „Се обидовме да примениме прилично строг тест за ненасилен отпор како стратегија“, вели Ченовет.

Критериумите биле толку строги што индиското движење за независност не се сметаше за доказ во корист на ненасилен протест во анализата на Ерика Ченовет и Марија Стивен – бидејќи за одлучувачки фактор се сметала ослабената воена моќ на Британија, дури и ако самите протести имале огромно влијание.

На крајот од овој процес, тие собрале податоци за 323 насилни и ненасилни движења. А резултатите објавени во нивната книга „Зошто функционира граѓанскиот отпор: Стратегиската логика на ненасилниот конфликт“. Одгласот бил впечатлив.

Генерално, заклучокот од истражувањето бил о дека ненасилните кампањи биле двојно поуспешни од насилните: довеле до политички промени во дури 53 проценти од случаите, за разлика од насилните протести, кои биле успешни само во 26 проценти.

ЗОШТО ГРАЃАНСКИОТ ОТПОРТ УСПЕВА Ченовет стана влијателна низ целиот свет

Ненасилството поуспешно од агресијата

Ова беше делумно резултат на силата во бројките. Ченовет тврди дека ненасилните движења имаат поголеми шанси за успех бидејќи можат да регрутираат многу повеќе учесници од многу поширока демографска група, што може да доведе до сериозна блокада што го парализира нормалниот урбан живот и функционирањето на општеството.

Покрај тоа, од 25-те најголеми кампањи што ги проучувале, 20 биле ненасилни, а 14 од нив биле со очевидни успеси.

Севкупно, ненасилните движења привлекле околу четири пати повеќе учесници (200.000) од просечното насилно движење (50.000).

Револуцијата на народната моќ против режимот на Фердинанд Маркос на Филипините, на пример, собрале два милиони учесници на својот врв, додека Бразилското востание од 1984 и 1985 година привлекло еден милион, а Сомотската револуција во Чехословачка во 1989 година привлекла 500.000 учесници.

„Броевите се навистина важни за да се постигне сила која може да претставува сериозен предизвик или закана за вкоренетите власти или окупаторот“, вели Ченовет – и ненасилните протести изгледаат како најдобар начин да се добие таа широка поддршка.

Штом 3,5 отсто од вкупното население ќе почне активно да учествува, успехот изгледа неизбежен. Тука се споменува и движењето „Народната моќ“, а прагот на поддршка од 3,5 отсто го достигнала и „Револуцијата на пеење“ во Естонија и „Розовите“ во Грузија.

„Никогаш немаше ниту една неуспешна кампања откако го достигна прагот на поддршка од 3,5 проценти за време на клучен настан на врвот на ангажманот“, вели Ченовет – феномен што таа го нарекува „правило од 3,5 проценти“.

Можеби најочигледно од сè, насилните протести нужно ги исклучуваат луѓето кои презираат или се плашат од крвопролевање, додека мирните демонстранти можат да ги гледаат работите од морална височина.

Ченовет истакнува дека ненасилните протести имаат и помалку физички бариери за учество. Не мора да сте здрави или физички способни за да учествувате во штрајк, додека насилните кампањи обично се потпираат на поддршката од физички подготвени млади луѓе, пишува Љубомир Костовски во анализата „УЛОГАТА НА БРОЈНОСТА КАЈ НЕНАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ЗА НИВНИОТ УСПЕХ: Пресудните 3,5 проценти“.


Специјални за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО: Костовски говори за принципот 3,5% во изданието на КОЛЕГИУМ од 28 март 2025

Сите непријатни вистини за клучните настани во земјата, регионот и светот: Ново експлозивно издание на КОЛЕГИУМ

Tags: агресијаненасилен протест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ