• Latest
Фото: Фејсбук на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски

Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски: Водата во Крива Река е неупотреблива и сериозно загадена

April 3, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски: Водата во Крива Река е неупотреблива и сериозно загадена

April 3, 2025 12:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски

Фото: Фејсбук на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски

Share on FacebookShare on Twitter

Водата во Крива Река во Крива Паланка е неупотреблива и сериозно загадена, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој пред медиумите презентираше нови анализи со кои покажа дека има надминување на граничните вредности и на матност на реката и побара институциите да реагираат, обвинителството да поведе постапка. За него е нејасно зошто и Државниот инспекторат за животна средина не направил ургентни анализи на водите по хаваријата во рудникот Тораница.

Како што соопшти на прес-конференцијата, анализите кои ги спровел Институтот за јавно здравје на барање на риболовното друштво „Мрена“ покажале значителни отстапувања, водата од Крива Река како рече припаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за каква било намена. Митовски презентираше податоци според кои зголемено е нивото на олово, за повеќе од три пати укажувајќи дека киселоста на водата е штетна за рибите.

– Концентрацијата на штетните супстанции коишто ги надминуваат акутните нивоа на токсична за водениот свет-вода во оваа класификација односно петта класа не смее да се користи за ништо ниту пак за наводнување, рече Митовски.

Стручното мислење покажало дека има надминувања и на цинк, кадиум, со што водата спаѓа во трета класа од уредбата за класификација на водите и не смее да се употребува за друга намена, без претходно да се обработи. Митовски рече дека и физичките показатели при анализата на водата на Крива река покажуваат дека матност е 70 единица од дозволените 10 гранични вредности.

– Хемиските показатели на суспендираните материи коишто се присутни во водата којшто ја намалуваат пропустливоста на светлината во природната вода и влијаат животната средина, го уништуваат живиот свет се главни причинители за поморот се со вредност замислете дури 7.876 микрограми на литар од максимум дозволените 30 микрограми на литар којшто сепак за повеќе од 120 пати зголемени, рече Митовски.

Суспендираните материи од органско и неорганско потекло, тешко се раствораат во водата и според Митовски се главен показател и за присуството на тешките метали во Крива река. Тој дополнува дека резултатите од сегашната и претходната анализа на општината, покажуваат дека водата во Крива река е неупотреблива и сериозно загадена.

– Двете истражувања патем којшто кажавме дека се направени од независни акредитирани лаборатории односно од една акредитирана лабораторија и од Државниот Институт за јавно здравје потполно нејасно како тврдењата на „Буламк 2016“ дека загадувањето не е од истекувањето и причината од хаваријата од цевката настаната во рудникот Тораница. Имено согласно А еколошката дозвола којшто ја поседува „Булмак 2016“ рудникот Тораница во нивниот процес користат токму кадиум, цинк, олово цијанид и останати соединенија коишто се наоѓаат во Крива река веднаш по хаваријата и тоа е многу јасно и децидно се гледаат токму во двете анализи коишто ги имаме веќе како релевантен доказ, рече Митовски.

Градоначалникот на Крива Паланка, апелираше институциите да реагираат брзо, обвинителството да отвори постапка, потсетувајќи дека изминатата недела е поднесена кривична пријава. Одговарајќи на новинарски прашања Митовски рече дека целокупното постапка на државниот инспекторат, толкувањата и вчерашната прес-конференција на менаџментот на компанијата отвораат дилеми и прашања, и ја загрижуваат јавноста во Крива Паланка.

– Со самото она што при самиот записник којшто го имаме можност да го видиме на и којшто истиот е објавен на официјалната веб страна на Државниот инспекторат никаде не е констатирано или пак наложено на правното лице да изврши анализи на водите, Тораничка река и Крива река. Дополнително Државниот инспекторат имал обврска и морал сопствено нивните договори коишто ги имаат со акредитирани лаборатории да извршат и да направат ургентна анализа на водите на Тораничка и на Крива река она што еве денес ќе имаме можност да го видиме а се потврдува со сите наоди коишто ги имаше општината од претходниот период од извештаите од акредитираната лабораторија од минатата недела и денеска од овие лабораториски известувања направени на барање на здружението „Мрена“ навистина се потврдуваат тврдењата на општината дека Крива Река е сериозно загадено, рече Митовски.

Фото: Скриншот и фото ФБ Митовски 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result