• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

СУРТУК ПОЛИТИКА: За ова ли окапа Мицкоски во Вашингтон?

April 3, 2025

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

СУРТУК ПОЛИТИКА: За ова ли окапа Мицкоски во Вашингтон?

April 3, 2025 15:49
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Глумеше обвинител, судија, шпицен градоначалник, полицаец, примариус доктор, не се симнуваше од екраните, секој ден по два.три преса. Се чинеше дека излегува и од фрижидер, фиока, гардеробер, ма и од шише пиво кога ќе отворите…и мудруваше, се закануваше, влечеше за учи, влегуваше во домовите, ги учеше новинарите како да поставуваат прашања, а сега се прави на Тошо. Не е знајал за најновата одлука на Трамп. Бил во теретана.

Ги нема ни да гукнат ниту разноразните катеблажевски, шишмиши, јорданки, кикифрики… што го глорифицираа неговото епско патување во Вашингтон, кога се сретна и се поздрави со Крис Павловски, и ја гледаше инаугурацијата на екран во сала на партиски митинг. Епохално достигнување кое ќе ја „сторит Маќедоња ол рајт“

Ги жртвуваше болните колена на прекуокеанските паувања, и тоа не еднаш, само да биде во близина на Трамп, ЏД Венс, Елон Маск. И би, на само неколу километри оддалечен од конгресот каде се одржуваше претседателската инаугурација. А како само трчаше со болните колена пробивајќи се низ толпата на Берлинската конференција, да стигне до Венс за верниот Кендо да може да го кадроса.

Истовремено, и сврте грб на ЕУ, поддржувајќи и коспонзорирајќи ја резолуцијата на САД во ОН која не ја осудува Русија како агресор, наспроти украинската поддржана од ЕУ. Упорно си ја сече гранката од стеблото на ЕУ на која седи, но за помош по трагедијата во Кочани помош побара и доби од ЕУ, и соседите, меѓу кои и Бугарија, која катаднево „ја хејта“.

Сето тоа за бенефитот кој требаше да го почувствуваме во наредниот преиод по „факултативнит посети“ на премиерот и свитата на Вашингтон.

И наредниот период пристигна. И донесе 33 одсто царини за македнскиот извоз во САД.

И сеа шу праиме. Додека сите светски премиери, претседатели, министри излегоа со осуда и најавија контрамерки, нашиов молчи. Ниту тој, ниту претседателката, ниту Министерството за економија гукнаа нешто околу тарифите, какви импликации ќе имаат врз економијата во земјава, ќе се воведат ли контрамерки?

Во меѓувреме, владините служби некако собраа сили пред крај на работното време да испратат едно штуро соопштение, склепано наврат = нанос, да не сме се секирале, немало да имаме последици од тарифите. Мхм, да, секако.

Сигурно во штабот досега амнализирале како и зошто дојде до ова. Дали Мицкоски не кажа доволно гласно и јасно „Благодарам“? Можеби бојата на вратоврската не беше соодветна на бојата на оделото кое го носеше при посетата на Вашингтон?

ПО се изгледа дека ќе мора повторно да летне до Вашингтон, да му каже благодарам на Трамп, макар и преку мегафон пред оградата на Белата куќа.

Епа, Аирлија тарифите, премиере!


Текстот е личен став на авторот.
Tags: Доналд ТрампСеверна МакедонијатарифиХристијан Мицкоскицарина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ