• Latest

Над 150 Срби од Косово тргнаа пеш на собирот на Вучиќ, што ќе се одржи 12 април во Белград

April 7, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Над 150 Срби од Косово тргнаа пеш на собирот на Вучиќ, што ќе се одржи 12 април во Белград

April 7, 2025 11:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 150 Срби од Косово вчера тргнаа пеш кон Белград, за да присуствуваат на собирот во сабота на 12 април, по повод формирањето на Движењето за народот и државата, што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го најавува за следниот викенд, јавуваат српски медиуми, пренесе ЦивилМедиа.

Срби од Грачаница и околните градови во централно Косово, Косовско Поморавље, Северна Митровица, Звечани, Зубин Поток и Лепосавиќ тргнаа во колона на пат од 250 километри.

„Лошото време, дождот и снегот нема да не спречат да ја постигнеме целта и да дојдеме живи и здрави на големиот митинг што се одржува во сабота. Ние од Косово ќе го браниме нашето Косово и во Белград затоа што нашата земја е нападната и однадвор и одвнатре“, изјави параатлетичарот Иван Цветковиќ од селото Стража во општина Ново Брдо.

Вучиќ претходно ги покани граѓаните на митинг на 12 април на „ТикТок“, со напомена дека „веќе неколку месеци „однадвор и од внатре“ се организира обид за рушење на Србија“ и дека, како што рече, „мора да ја вратиме украдената држава“.

„Вие одлучувате во каква земја сакате да живеете. Се прашувате. И да, утре може да биде доцна. Србија ќе победи! Се гледаме во Белград на 12 април во 19:00 часот“, рече Вучиќ во објава на TikTok.

Претседателот на Србија претходно најави дека на средбата во Белград ќе биде претставено движењето за народот и државата, кое тој го иницираше.

Во Белград на 24 март се одржа првиот состанок на иницијативниот комитет за формирање национално движење за народот и државата, на кој присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По средбата тој изјави дека е време да се артикулира големата сила на српскиот народ и да се обединат сите умови и патриотизам  за да ја обликува посакуваната иднина.

Д. Т.


Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата во кое се добредојдени сите српски патриоти; Движењето за едни е потреба од обединување на патриотите, за други е само уште една форма на манипулација на официјален Белград

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ