• Latest

Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата во кое се добредојдени сите српски патриоти; Движењето за едни е потреба од обединување на патриотите, за други е само уште една форма на манипулација на официјален Белград

March 25, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата во кое се добредојдени сите српски патриоти; Движењето за едни е потреба од обединување на патриотите, за други е само уште една форма на манипулација на официјален Белград

March 25, 2025 15:49
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград пред два дена се одржа првиот состанок на иницијативниот комитет за формирање национално движење за народот и државата, на кој присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По средбата тој изјави дека е време да се артикулира големата сила на српскиот народ и да се обединат сите умови и патриотизам  за да ја обликува посакуваната иднина.

На состанокот во Домот на кралот Петар Први, освен претседателот на Србија, присуствуваа уште 11 членови на иницијативниот комитет.

Како што претходно најави Вучиќ, во наредните денови и недели ќе се подготви се што е поврзано со движењето, кое ќе биде здружение на граѓани – од симболи и знаци до севкупната програма.

Од „Српска листа“ вчера посочија  дека во име на српскиот народ од Косово  го поддржува формирањето на движење за народот и државата, кое треба да ги обедини сите патриоти кои на прво место го ставаат напредокот на Србија и на сите нејзини граѓани.

Професорот д-р Борис Братина од Факултетот во Косовска Митровица објасни за каква политика ќе се залага Движењето за народот и државата и какви се очекувањата на граѓаните од него.

„Движењето пред се треба  да се заснова  на патриотизмот на нејзините членки, со тоа што секако треба да се одржуваат врски и со другите земји со кои имаме важни односи, како Русија, Кина, САД, ЕУ.

Што се однесува до домашната политичка сцена, за Движењето е важно што се работи за луѓе кои претходно не се занимавале со политика, односно не учествувале во работата на политичките партии. Во таа смисла тие се целосно политички неизвалкани.

Ми се чини дека тоа ќе биде големо Движење во кое нема да преовладуваат професорите и докторите, туку дека Движењето ќе биде нешто многу пошироко. Отворен е за прием на цели политички организации и поединци. Уште подобро ако тие лица не се ангажирани од политички партии“ – рече Братина и рече дека има големи очекувања од Движењето.

Што значи „Движењето за народот и државата“ на Вучиќ за Србите од Косово?

„Уште една форма на манипулација“.

Вака Ненад Рашиќ, лидерот на косовската партија За слобода, правда и опстанок, го гледа формирањето на „Движењето за народот и државата“ на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ, кое го поддржа и Српска листа – најголемата партија на Србите во Косово, која ја има поддршката од Белград.

Рашиќ, инаку министер во Владата на Косово, во изјава за Радио Слободна Европа  оценува дека актуелната влада во Србија досега се „калкулирала“ со сите што мислат поинаку, вклучително и со Србите од Косово, и дека новото движење нема да донесе ништо ново.

За српскиот опозициски политичар од Косово, Милија Бишевац, формирањето на Движењето за народот и државата е „палка во рацете на диригентот, претседателот Александар Вучиќ“.

„Ова е само инструмент за замајување на населението дека започнува некоја нова приказна“, изјави Бишевац.

„На сите ни е јасно дека Српска листа е само спроведувач на политиката на официјален Белград. Српска листа никогаш немала никаква надлежност во носењето одлуки, освен што молчешкум слушале се што било нарачано од Белград и спроведувале многу лоша политика за Србите во Косово, смета тој.

Косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ посочува дека Српска листа не може да зборува во името на целиот српски народ во Косово и дека нивната „опомена“ за такво нешто е резултатот на последните парламентарни избори во Косово, одржани на 9 февруари.

„Колку и да беа нерегуларни изборите во смисла дека (Српската листа) користеше различни методи на манипулација, тие не смеат да заборават дека околу 22 отсто од гласачите гласаа против нив, односно за другите политички партии. И покрај тоа, тие (Српската листа) се осмелуваат да го поддржат Вучиќ во име на сите косовски Срби“, изјави Рашиќ за РСЕ.

За Движењето за народот и државата не се знае многу, освен што неговото формирање го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред околу две години. Неговиот фокус, како што во неколку наврати изјави Вучиќ, треба да биде иднината на Србија.

Последен пат за основањето на ова движење зборуваше во јануари годинава на партискиот состанок на Српската напредна странка во Јагодина, чиј основач е тој.

„Сите сте добредојдени во движењето, движењето на големи промени“, рече тогаш Вучиќ, но не прецизираше за кои „големи промени“ станува збор.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ