Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, по средбата со членовите на Претседателството на БиХ, изјави дека ЕУ е посветена на европскиот пат на БиХ, како и на стабилноста и безбедноста, додавајќи дека раководството на Република Српска „го поткопува уставниот поредок на БиХ“, пренесуваат српски медиуми.
„Би сакале да бидеме во различни околности, но разговаравме за сето ова. Уставот е камен-темелник и неговото почитување е задолжително. Секое поткопување е опасно“, посочи Калас.
Таа изјави дека раководството на РС го поткопува уставниот поредок и исто така ги поткопуваат основните човекови слободи.
„Дозволете ми да нагласам дека ЕУ е посветена на стабилноста и безбедноста на земјата. Ја посетив мисијата Алтеа во Бутмир, минатиот месец го зголемивме бројот на војници. Денеска нагласив дека политичките лидери мора да работат на решавање на кризата. Политичката нестабилност е пречка на патот кон ЕУ, а вашите граѓани сакаат да бидат во ЕУ. Земјата наскоро ќе ги отвори преговорите, нема „преку ред“, но вратата не е отворена“, посочи Калас.