• Latest
Илустрација: ЦИВИЛ

Република Северна Македонија стана кусур во ривалските односи меѓу Вучиќ и Курти

April 12, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Република Северна Македонија стана кусур во ривалските односи меѓу Вучиќ и Курти

April 12, 2025 09:50
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација: ЦИВИЛ

Илустрација: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборува за „потрчковци“ на Албин Курти во Владата на Северна Македонија. Се реферира на реакциите на министер од редовите на ВЛЕН за злоупотребата на Вучиќ, како осуда за правењето политички поени врз лицата кои се лечат во Белград после трагедијата во Кочани. Тоа што Вучиќ го премолчува е дека и тој има свои „потрчковци“ во македонската влада. Можеби и остава Курти да ги нацрта неговите „потрчковци“ во реакција на неговата изјава денес-утре. Но изјавата на Вучиќ најдобро зборува на кое дереџе е падната Република Северна Македонија, да биде кусур во ривалските односи помеѓу Александар Вучиќ и Албин Курти.

Пред само некоја година, поточно во 2023 година, Северна Македонија како успешна приказна од регионот беше домаќин на разговорите помеѓу Србија и Косово, а резултатите од тие разговори во Охрид станаа обврски и за Србија и за Косово на нивниот европски пат. Денес, во 2025 година, ситуацијата е свртена наопаку, Северна Македонија сама си го блокира европскиот пат, а нејзината власт ја сочинуваат коалициски партнери кои се „потрчковци“ на Александар Вучиќ и Албин Курти. Денес Србија и Косово кусурот на нивните лоши односи го пребиваат во државата која се понуди во најдобра намера да им биде домаќин за разговори, преку кои требаше да си ги надминат проблемите.

Фасцинантен е молкот на претседателите на македонските големи партии кон деструктивната политика на Александар Вучиќ. Негативната тенденција за поддршка на една таква деструктивна политика има свои длабоки корени во југоносталгичарските и анти-западни филмови на македонската политичка сцена, уште од периодот на стекнување на независноста на државата. Негативните тенденции станаа уште посилни со иницијативата „Отворен Балкан“, каде што еден автократ како Вучиќ, заедно со неговата приколка Милорад Додик, станаа речиси домашни херои за предводниците на владите во Скопје.

ВЛЕН е во офсајд

Кај Албанците е друг контекстот. Еди Рама беше дел од грешката на иницијативата „Отворен Балкан“, на која Албин Курти аргументирано ѝ се спротистави. Како што знаете, Албанија и Еди Рама се повлекоа од таа иницијатива, во која за жал Северна Македонија остана со Србија. Во исчекување сме на некој нов Саем на виното и храната, во Скопје или Белград, сеедно. Грешката на Албин Курти е што се нафати да игра танго со „потрчковците“ на големосрпскиот национализам во Скопје, преку политичкиот проект ВЛЕН. Иако му беше јасно дека имаат јасна цел да го блокираат европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ.

Колку за илустрација: политичкиот проект ВЛЕН, кој Албин Курти го поддржува, е во коалиција со оние кои му аплаудираа на Додик, во сред Скопје, во јануари, сосе рускиот амбасадор, на неговиот анти-НАТО и анти-ЕУ говор. Или со друг пример, ВЛЕН е дел од Влада која го именува Петар Богојески за директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Што јасно укажува како власта го вреднува зборот „европски“.

Резултатот на тоа танго е дека Северна Македонија е сопрена на европскиот пат, дека со голема брзина влегува во српскиот свет и дека прозападната политика на Албанците е дефакторизирана. Ако е тоа идејата на Курти во неговите расправии со командантите на УЧК во Косово и Македонија, цената навистина е преголема. Доволно е Курти само да поразговара со „неговиот“ кандидат за претседател на Северна Македонија, Арбен Таравари – зошто најавува излегување од ВЛЕН? Огромно мнозинство Албанци владата на „потрчковците“ ја доживува како прокси на големосрпската политика во Северна Македонија. Во таква ситуација ВЛЕН е само во офсајд.

Има ли некој да заигра за европска Северна Македонија? 

Во целото поткусурување на Србија и Косово преку пропагандните војни и „потрчковците“ на Вучиќ и Курти, на грбот на Северна Македонија, се поставува прашањето: Има ли некој сериозен фактор во државава да игра за демократска, функционална, економски развиена, мултиетничка, европска Северна Македонија? Европска, во вистинска смисла на тој збор, не само географска.

Потребно е некој да игра за Македонија, да не биде потрчко на Белград или Приштина, ниту на кој било регионален центар. Потребно е некој да се води од стратешките цели на нашата државата, како што е членството во ЕУ, а не да бидеме кусур во односите помеѓу ривалствата на соседните држави.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ