„Во текот на изминатиот ден беа регистрирани 285 експлозии. Гранатирани се Суми, Јунакивка, Миропилија, Билопилија, Краснопилија, Великописаривка, Новослобидска, Хлухив, Шалихине, Есман, Середино-Буда“, се вели во соопштение од Регионалната државна управа на Суми, пренесе Укринформ.
Како што објави Укринформ, во Суми, бројот на загинати во рускиот ракетен напад на 13 април се зголеми на 34, при што 117 лица беа повредени, меѓу кои 15 деца.
Д. Т.