Прекинува штрајкот на новинарите и медиумските работниците од „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ кој траеше еден месец, откако Медиа принт Македонија на вработените им ја исплати јануарската плата.
„Штрајкот е прекинат и од утре новинарите ќе работат нормално. Барањата на вработените во најголем дел се исполнети, но утре ќе имаме состанок и ќе одлучиме за понатамошните чекори“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Љубиша Станковиќ, претседател на синдикатот на „Утрински весник“.
Изминативе неколку дена, штрајкот траеше по 8 часа, а весниците кои излегоа во преполовена форма, беа полнети со сервисни информации од оние новинари кои не штрајкуваа и без авторски текстови.