• Latest
Фото: Скриншот

ПРОПАГАНДАТА НА КРЕМЉ ПОВТОРНО НАПАЃА: Лажните тврдења за бунт шират дезинформации во обид да го дестабилизира моралот на фронтот и водството во Украина

April 16, 2025

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ПРОПАГАНДАТА НА КРЕМЉ ПОВТОРНО НАПАЃА: Лажните тврдења за бунт шират дезинформации во обид да го дестабилизира моралот на фронтот и водството во Украина

Руските државен медиум шири неосновани лаги за украински паравојници кои планираат државен удар против претседателот Зеленски

April 16, 2025 16:12
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот медиум контролиран од државата РИА Новости – заедно со неколку други пропагандни веб-страници поврзани со Кремљ, како што се Pravda и TopWar, и каналите на социјалните мрежи – повторно објави бесрамна дезинформација — овој пат лажно тврдејќи дека украинските падобранци од 95-та одделна воздушно-дестана јуришна бригада планираат да го соборат претседателот Володомир Зеленски и да „маршираат кон Кијив“.

Извештајот, кој беше објавен денес, наведува дека „ветерани и офицери“ од елитната бригада изразиле подготевеност да „дејствуваат против Зеленски“ и ги повикале и воениот персонал и цивилите да им се придружат на наводниот државен удар. Наводниот извор на оваа информација е анонимна личност од, она што РИА Новости нејасно го опишува како „антифашистичко подземје“.

Ова е целосна измислица. Неколку информирани извори, кои зборуваа под услов на анонимност поради чувствителната природа на темата, потврдуваат дека таква изјава не е дадена од ниту еден член на 95-та бригада, ниту пак има движење или склоност во рамките на  украинските вооружени сили да се водат против нивното демократско избрано раководство.

Класична книга за дезинформации на Кремљ

Времето и природата на оваа лага се вклопуваат во добро документираната книга за дезинформации на Кремљ. Со измислувањето на внатрешно несогласување во рамките на украинската војска, Русија има за цел:

  • Да го поткопа моралот кај украинските сили, особено како што тие продолжуваат да се спротивставуваат на тековната руска агресија и да враќаат окупирани територии.
  • Да создаде конфузија и недоверба кај украинското население и меѓународните поддржувачи.
  • Да ја прикаже Украина како нестабилна, делегитимизирајќи го нејзиното водство и воените напори на глобалната сцена.

Оваа тактика не е ниту нова ниту неочекувана. Руската пропагандна машинерија често се обидуваше да посее поделеност во украинското општество и воените редови, често измислувајќи измислени востанија, обиди за бунт или изјави на нелојалност од страна на украинските војници.

Вистината за 95-та бригада

95-та одделна воздушно-десантна јуришна бригада е една од најпочитуваните и најзајакнатите единици во Украина, позната по својата улога во клучните одбранбени и офанзивни операции од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година. Далеку од тоа да се свртат против нивното водство, овие војници остануваат целосно посветени на одбраната на суверенитетот и демократските институции на Украина.

Дополнително, 95-та се смета за една од најпрестижните и способни единици во украинската војска. Се здоби со меѓународно признание за својот смел напад зад сепаратистичките линии за време на војната во Донбас, каде што им нанесе големи загуби и на сепаратистичките и на руските сили.

Дезинформациите се шират надвор од Русија

Загрижувачки е што оваа дезинформација генерирана од Кремљ веќе е преземена и реобјавена без проверка, од најмалку два македонски медиуми: Слободен печат, истакнат информативен портал и дневен весник, како и онлајн медиумот Кумановски муабети. И двата го репродуцираа наративот на РИА Новости, без да понудат каква било форма на проверка на фактите или контекстот.

Некритичкото репродуцирање на таквите измислици не само што помага да се засили непријателската пропаганда, туку исто така ги заведува читателите и придонесува кон пошироките напори за дестабилизација насочени кон Украина и нејзините меѓународни сојузници.

Овој инцидент ја нагласува итната потерба од одговорно новинарство и медиумска писменост, особено во региони ранливи на операциите на руското влијание.

Вистината останува најмоќната алатка за одбрана на демократските општества

Денешната измислица од страна на РИА новости е дел од пошироката и тековна кампања на хибридната војна што ги користи медиумите како оружје. Со подметнување лаги, засилување на теориите на заговор и манипулирањето со емоциите, Кремљ се обидува да ја дестабилизира Украина одвнатре– и да ја ослабне меѓународната решителност да ја поддржи.

Оваа последна лага треба да послужи како потсетник дека медиумската писменост, проверката на фактите и меѓународната солидарност се суштински алатки во отпорот против манипулативна наративна војна на Кремљ.

Никаква пропаганда не може да ја избрише вистината на терен: украинските сили остануваат обединети и отпорни наспроти агресијата. Претседателот Зеленски продолжува да ја ужива поддршката на војската и на мнозинството од украинскиот народ, кои покажаа извонредна решителност во одбраната на својата земја.

Како што е кажано многу пати досега: ова не е само војна на оружје – тоа е војна меѓу вистината и лагата. Соочени со дезинформациите, проверената вистина и доказите остануваат најмоќните алатки за одбрана на демократските општества.

Џабир Дералаa
Во соработка со Дисинфо мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Превод: Н. Цветковска

Tags: проруски македонски медиумиРИА новостируска пропаганда и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ