Кардиналот Џовани Батиста Ре, една од највисоките личности во Католичката црква, ја води службата за погребот на папата со „отворено срце кон сите“ во својата проповед, опишувајќи го како „папа меѓу народот“. Откако три дена беше положен во базиликата „Свети Петар“, ковчегот на Франциск беше пренесен на отворениот плоштад – означувајќи го почетокот на погребот
Политичките и религиозните лидери, заедно со околу 200.000 аџии, се собраа во Ватикан за да се збогуваат со Франциск, шест дена откако тој им го даде својот велигденски благослов на оние што се собраа на плоштадот „Свети Петар“.
Меѓу нив се 130 делегации, вклучувајќи светски лидери и актуелни монарси. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа пред погребот, соопшти украинското претседателство. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.
Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа.
М. Д.