• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Што значи за Трамп „многу лош тајминг“ за убивање украински цивили, има ли за него и Путин и „добар тајминг“?

April 26, 2025

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Што значи за Трамп „многу лош тајминг“ за убивање украински цивили, има ли за него и Путин и „добар тајминг“?

April 26, 2025 10:00
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Како изгледа руската посветеност на изнаоѓање решение за траен мир во сета своја величина ја покажаа масовните руски напад со ракети и дронови врз Украина, чија единствена цел, очигледно, се цивилите.

Како во завчерашниот напад врз станбените области на Кијив, убиени се 12 , повредени над 70 цивили, по што Цивил- центар за слобода излезе со соопштение во кое побара итно запирање на рускиот ракетен терор врз Украина, и вчерашниот напад врз Павлоград во кој 3 цивили се убиени, а десетици повредени, и секако најсмртоносниот напад оваа година врз Суми, на Цветници, во кој загинаа 34 цивили, а кој остана без осуда од високите претставници на администрацијата на Трамп.

Сето тоа додека траат разговорите на САД со Украина и Русија за договор за крај на руската војна против Украина. Кијив веќе се согласи на целосниот 30-дневен прекин на огнот предложен од САД, Досега Москва одбиваше, купувајќи време, кое сесрдно го добива од Трамп, и токму напротив, Русија дури во последните недели ги интензивираше нападите врз цивилната инфраструктура и станбените области во Украина.

И за цело време притисокот на администрацијата на Трамп е врз Украина, и нејзиниот претседател Зеленски. Дури и протечениот „конечен план“ на САД за ставање крај на руската војна во Украина кој содржи непристоен предлог со кој се бараат значителни отстапки од Украина и претседателот Зеленски, вклучително американско де јуре признавање на руската контрола врз Крим, заедно со де факто признавање на нејзината окупација на други украински територии, додека украинската страна добива многу малку придобивки, како ветување за „цврста безбедносна гаранција“ поддржана од европски земји, но е нејасно како оваа мировна мисија би функционирала и улогата на САД во неа  Според мировниот план на САД, Украина би добила дел од Харкивската област окупирана од Русија, непречен премин на реката Днипро, која тече по линијата на фронтот во некои делови на јужна Украина и ќе добие компензација за обновата на земјата, иако во документот не е прецизирано како ова ќе се финансира.

Во документот исто така се споменува и нуклеарната централа Запарижја, која треба да биде признаена како контролирана од Украина, но управувана од САД.

Според дипломатски извори, САД нема да повикуваат на намалување на воените капацитети на Украина и нема да се противат на европските мировни сили во земјата, иако овие позиции се во спротивност со претходно изразените барања на Русија.

Откако Зеленски ја отфрли можноста за признавање на Крим како руска територија, американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф одлучија да го прескокнат состанокот на високо ниво во Лондон, но затоа Виткоф како специјален пратеник на Трамп веќе престојува во Москва на разговори со Путин. Со истиот оној Путин кој најави 30 часовен прекин на нападите за Велигден, а истиот беше прекршен со артилериски и воздушни напади врз цивилни цели низ цела Украина.

И конечно, по последниот руски терористички напад кога Русија го започна најсмртоносниот бран напади врз Кијив во последните девет месеци, Трамп некако се одважи, па преку својата социјална мрежа Truth social, му пиша на Путин:

„Не сум задоволен од руските напади врз КИЈИВ. Не е потребно, и многу лош тајминг. Владимир, СТОП! 5000 војници неделно умираат. Ајде да го завршиме мировниот договор!

МНОГУ ЛОШ ТАЈМИНГ? Што значи за Трамп „многу лош тајминг“ за убивање украински цивили? Значи ли тоа дека според него има други, добри тајминзи кога на Путин му е дозволено да убива цивили?

Логиката на Трамп и неговата администрација, како тие ги сфаќаат напорите за обезбедување траен мир во Украина можеби најдобро говори изјавата на Стив Витков, специјалниот претставник на Трамп кој оствари средба со Путин во Санкт Петерсбург, кој ги потенцира комерцијалните бенефити кои тој би ги донел за САД,:

„Постои можност за преобликување на односите меѓу Русија и САД преку некои многу привлечни комерцијални можности кои мислам дека даваат вистинска стабилност и на регионот“.

Можеби токму затоа високи претставниците на Кремљ размислуваат да предложат идеја за „голема зделка“, која, наводно, вклучува можност за заживување на плановите за Trump Tower –„кулата Трамп“, облакодер од 150 ката во Москва, за да го наведат американскиот претседател да ги ресетира односите, за личната добробит на двајцата претседатели.

И сосема случајно, како што пренесува ДејлиСтар, деновиве руските коментатори се вклучија во кампањата за зближување на Русија и Сад, тврдејќи дека му помагаат на Трамп да ги присвои Гренланд и Канада во замена за помош со Украина.

Појавувајќи се на руската државна телевизија, Владимир Соловјов, заедно со неговите колеги водители на ток-шоуа, се вклучи во разговорот кога рече „ние ќе му помогнеме на Трамп да го земе Гренланд. И Канада“, пред друг да додаде „и Ирска“.

Некој би рекол дека одбрале „многу добар тајминг“


Текстот е личен став на авторот
Tags: Владимор ПутинДоналд Трамппреговори за мир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ