Денес претседтелката Давкова Силјновска им одржа „буквица“ на уставните судии во рамки на дебата за позицијата на овој Суд во правниот систем.
Ако ја исклучам театарлноста со која таа настапи пред колегите, би се согласил со неа дека со мал исклучок на судии кои биле со стручен интегритет во оваа институција таму доаѓале главно лица како награда од страна нивните партиски тутори. Некои од нив,, би додал, не би можеле да водат и месна заедница.
Но, како пак таа си ги одбра советниците кои ја опкружуваат? Служат ли тие за пример на интегритет од нивниот претходен стручен допринос или се избрани од една партиска конклава на која таа само се приклонила?, објави новинарот и аналитичар Љубомир Костовски на Фејсбук.
Подготви: М. Д.