• Latest
Фото: Џабир Дерала

Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

April 30, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

April 30, 2025 14:42
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Џабир Дерала

Фото: Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Седам на сончевата тераса на кафулето Мулири, со нивниот убав топол мафин и одличното еспресо, и гледам една група туристи на малиот плоштад кај Ибни Пајко од левата страна на Вардар.

Водичот покажува кон она што треба да биде фонтана, со фигурите на тоа што треба да ја претставува мајка му на детето Александар Македонски во разни пози – го дои, гушка итн. Фонтаната е пресушена, а фигурите се позеленети и изгледаат уште полошо отколку кога беа нови. Целата фонтана не оддава впечаток на некакво сведоштво за минатото, туку е само нешто грдо, валкано и, најмногу од сè, непотребно и бесмислено. Како нискобуџетна пародија на Господарот на прстените во мизерен балкански стил.

Во радиус од 30-ина метри, има уште две фонтани што може да се опишат со истите зборови. Едната од нив прскаше неколку минути со млаз кој повеќе наликуваше на пукната цевка, отколку млаз на фонтана, за потоа и тоа да секне. Како да се срамеше од своето постоење, со страв дека некој од тие што фрлаат поглед на неа, всушност, имаат вкус.

Мостот го чуваат споменици на нешто што треба да симболизира светци, непропорционални и вештачки објекти, невешто залепени во амбиентот. Малку понатаму се двете исклучително грди зданија на МНТ и Музејот на ВМРО кои се протегаат по должината на речниот брег на малиот Вардар. Вон контекст, само така насаден, зад светците има уште еден грд споменик на некој дебелкав, мустаќест чичко, вооружен со меч и пиштол, ако добро гледам одовде.

Седам на сончевата тераса обиколена со прозорци, па за миг се обидов да се утешам (неуспешно) со мислата дека гледам во некој кошмарен свет кој, всушност, не постои. Порано знаев повеќе за овие споменици и градби кои, освен што беа грди, беа скандалозно скапи и сведочеа за голема корупција и грабеж на народните пари.

Со време – откако ми стана јасно дека по падот на режимот што го насади грамадниот кич Скопје 2014, никој нема да направи нешто да го поправи градот и да ги казни убијците на естетиката – развив одбранбен механизам: не ги забележував. Иако доминираат во централниот дел од градот во кој поминав најголем дел од животот, зданијата и спомениците на тој чудовишен проект – симбол на длабоко искомплексирана, а истовремено и грабежлива и насилничка власт – јас едноставно не ги гледав. Со години. Но реалноста, нели, е посилна. Тоа сончево попладне се втурна во мојот видокруг и – одново – ме порази со својата грдотија и бесмисленост.

Го движам погледот низ таа повторно откриена глетка. Подалеку в десно, се гледа фонтаната во чие средиште е несмасно големиот споменик на Филип, татко му на Александар. Водата што прска од оваа фонтана мириса на измет. И тој споменик е како голема, несмасна, бесмислена слика на режимот кој, за жал, никогаш не падна вистински, бидејќи не се работи само за политичка партија или властодршци, туку за нешто многу поголемо, подлабоко и погрдо.

Моите мисли ги прекинуваат снапшотови од одново разбудената реалност на Скопје 2014.

Лево од мене е сега затворениот и запуштен хотел Стоун Бриџ, кој целосно се вклопува во идиотскиот кич на гротескниот мегаломански проект Скопје 2014 кој сега е стар веќе една деценија и подеднакво грд како и на почетокот. Во тоа време, инвеститорите имаа обврска да градат во стилот (ако тоа може да се нарече стил) на Скопје 2014. Точно така, тој проектот на режимот не може да се нарече стил. Тоа не е стил. Тоа е психијатриски случај.

Единствениот вистински убав објект во мојот видокругот е Меморијалниот центар на Холокаустот. Може да се види само од една страна, од каде што седам во моментов, но и таа глетка е загадена со глупавите фонтани. Од другата страна на Вардар воопшто не може да се види – заграден е со грдите зданија на театарот и музејот, а од страната на мостот Гоце Делчев е заграден со катна гаража која мириса на урина од приземјето до врвот, и има врати за лифтови – без лифтови.

Сѐ заедно, глетката сведочи за едно насилство на глупави и арогантни пљачкаши и грубијани, без вкус и осет за пристојност.

И додека сонцето се спушта над грдите рабови на градскиот хоризонт, а туристите си заминуваат со фотографии во меморијата на нивните телефони, свесни или несвесни за грдотијата што ја архивирале, ние остануваме – и сведоци и жртви на една национална трагикомедија од бронза, стиропор и урина. Ја пијам последната голтка од еспресото и си мислам…

Можеби е време да ја обновиме идејата за нов вид туристички водичи. Такви што нема восхитено да рецитираат лаги за „антиката“, туку ќе ја раскажуваат вистината за насилството врз естетиката, за перверзијата на кичот, за милионите украдени во име на лажниот идентитет и примитивните националшовинистички наративи. Тоа би биле стории за тоа како еден режим го зароби главниот град и го окова во лаги и срам.

Скопје 2014 не е туристичка атракција. Тоа е музеј на глупоста и алчноста. Отворен за сите. Без влезница. Со последици.


Специјално за Градска. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ