Апелациониот суд на САД ги запре одлуките на пониските судови со кои се бараше од администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги пренасочи средствата одобрени од Конгресот кон Радио Слободна Европа/Радио Либерти (РСЕ) и други медиумски куќи финансирани од федералната влада.
Одлуката на панел од тројца судии во Вашингтон на 1 мај, заедно со поврзаната одлука на истиот панел на 3 мај, значи дека буџетот на РСЕ останува неизвесен, како и неговата способност да продолжи со објавување и емитување, пренесе РСЕ.
РСЕ е заглавена во правна битка со Агенцијата на САД за глобални медиуми (УСАГМ) од 14 март, кога Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува намалување на финансирањето на УСАГМ „до најголем можен степен во согласност со важечкиот закон“.
Наредбата не само што влијаеше на УСАГМ, туку и на Гласот на Америка (ВОА), РСЕ и други медиумски куќи кои добиваат финансирање од Конгресот, како што се Радио Слободна Азија (РФА), Мрежата за емитување на Блискиот Исток (МБН) и други.
За разлика од Гласот на Америка, кој е федерална институција, RFE/RL, RFA и MBN се приватни непрофитни организации, пишува РСЕ.