• Latest
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025 10:44
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Службата за безбедност на Украина (СБУ) разоткри шпионска мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во Закарпатската област што е првпат во историјата на Украина да биде откриен таков облик на шпионажа.

Според информациите од истрагата, задачата на оваа шпионска мрежа била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги недостатоците во копнената и противвоздушната одбрана, како и општествено-политичките ставови на локалното население, наведе СБУ. Посебен фокус бил ставен на истражување на реакциите на евентуален влез на унгарски трупи во регионот.

За време на операцијата, СБУ приведе двајца агенти кои припаѓале на оваа мрежа. Истрагата покажала дека агентите работеле под надзор на офицери на унгарската воена разузнавачка служба. Еден од нив, поранешен војник од Береговскиот округ, бил регрутиран во 2021 година и активиран во септември 2024 година. Неговата задача била да го истражува однесувањето на локалното население, ситуацијата на црниот пазар, воената опрема во регионот, како и информации за воените и цивилните структури во Закарпатската област. Исто така, агентот извидувал локации на клучни одбранбени системи, вклучувајќи ги ракетните системи С-300. Откако ги собрал потребните податоци, агентот заминал во Унгарија, каде што ги предал информациите и добил пари од разузнавачки офицер.

СБУ исто така открила дека агентот се обидел да регрутира најмалку две лица за соработка со унгарските разузнавачки служби. Во рамките на истрагата, СБУ приведе уште едно осомничено лице – поранешна припадничка на украинските безбедносни сили, која соработувала со унгарските специјални служби.

Против сите осомничени е поднесено обвинение за предавство во услови на воена состојба, и им се заканува доживотен затвор со конфискација на имот.

Операцијата е спроведена под надзор на Канцеларијата на државниот обвинител, а СБУ продолжува со истрагата, пишува МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ