• Latest
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025 14:52
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

“… Со доаѓањето на Отоманите на Балканот, сме ја изгубиле својата држава и речиси 500 години сме биле под Отоманската империја која правела се’ за да ги исламизира Србите, и значаен дел од нив е исламизиран и сега тие се викаат Бошњаци” – вели Додик, два пати во една недела, ре-креирајќи еден подзаборавен дел, во нова свежа употреба на суштината на локалните и регионалните хегемонии и митолошкото конструирање (фалсификување) на историјата; и која изјава фрла малку светлина на (не)логичните политички врски на средна Европа (пред се’ Унгарија, но и Австрија, Словачка) со Балканот (Србија, Хрватска, Северна Македонија).

И ако ја аплицираме оваа изјава на Додик во “македонски услови”, кој, хипотетички, би требало да биде де-исламизиран, односно “асимилиран” кај нас?
На веќе подзаборавената секуларизација на Јени Џамија, како и на одамна “покриената и уништена”, Имарет џамија; иако религиозно наследство од Отоманската империја, главната јавна реакција, секогаш доаѓала од страна на Албанците, кои оправдано се чувствуваат како своевидна “мета” на сите вакви “културни” дејствија.
Исламот, во свеста на современите Македонците, доминантно не се поврзува со историското наследство, или пак со Турците или Бошњаците, кај нас, туку речиси исклучиво со Албанците. Иако и тие, како и Македонците, кои се и католици, протестанти и муслимани, се и католици и православни. Но, нивниот втор “грев”, покрај тоа што се Албанци, е и што се (и) муслимани.
И иако во времето на изборот на новиот папа, можеби е бласфемично, да се потсеќаме на Крстоносните војни во 11-от, 12-от и 13-от век; токму тие, а не Селџуците, Османлиите и Отоманската империја, нанеле повеќе штета, преку безмилосните грабежи на старите христијански (хеленистички) центри, и го “послале патот” за падот на Источното Ромејско Царство (Византија), наместо нејзина одбрана, за која доаѓале; со благослов на тогашните папи, во текот на неколку века.
И за разлика од нив, кои позади себе, оставале, опустошени византиски храмови и палати, “чуварите на исламот”, на Европа и светот, му ја оставиле зачувана античката традиција, книжевност, филозофија и историски дела.
Но, дали всушност Додик, јавно го кажува, она што го мисли целата “правоверна” (спротивна од надлежноста на Вселенската патријаршија), православна, клеро-националистичка “елита”, од христијанскиот дел на Балканот?
Дека “исламот” е толку голем грев, без разлика во која форма доаѓа – како вера, како носители на верата, како миграција – па, прави конфузен “миш-маш” во кој е (намерно) измешано се’: од “супериорноста на српскиот свет” (со Црна Гора, БИХ и Косово), преку “православното братство со Македонците”, завршувајќи со историскиот чувар и противник на “отоманската муслиманска империја”, реминисценцијата на Австро-Унгарија, Орбан и Унгарија?
Тоа што во површната, неточна и наменска приказна и наратив, континуирано и константно, речиси цел 20-ти век, а сега и во нова форма во 21-от век, се мешаат историски недоследности, манипулации и фалсификати; избегнувајќи го реалниот историски, културолошки и цивилизациски континуитет; прави од Албанците и нивниот ислам, кај нас вистинска опасност за “лесен влез” во овие мрачни и декадентни, и апсолутно историски и современо, на македонска штета – “светови” (српски, австро-унгарски, чисто-христијански)?
Вештачкото и историски неточно “ќерќинство” на МПЦ-ОА кон “мајчинството” на СПЦ е само видлив пример, на поголема невидлива тенденција, на “политичката асимилација” на Албанците, која се одвива кај нас.
За кого всушност е непожелен и непознат исламот? Штетен, историски сигурно не е, за кое сведочат сите совршено сочувани византиски храмови, современо уништувани од нас, нашата негрижа и “историска и културолошка” неписменост.
Но, очигледно е се’ уште “страшен”, за наративот на “чистите (правоверни) христијани” и историскиот пат, преку славата на Византија, до империјализмот на новото време. Со, потенцијално, разорни политички последици по нашиот современ живот и европско општество.
И овие ксенофобични и геноцидни изјави, кои се’ почесто се присутни во јавниот простор; дали ќе не’ потсетат на нашето незнаење за нас самите, или на нивната вистинска намера? И можеби конечно ќе откријат дали “идентитетот” што ја кочи нашата ЕУ сегашност и иднина е еднакво “контаминиран” или “чист”? Што вели “експертизата” од север?


Текстот е личен став на Авторката
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ