• Latest

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Кримска платформа: Повик за ослободување на затворениците на рускиот систем – случајот на новинарот Вилен Темерјанов

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025 12:15
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ

Деновиве ја гледаме парадата во Москва, на диктаторот Путин. Место каде што деновиве се собираат сите диктатори и авторитарни лидери на светот. Деновиве го сведочиме собирот во Москва и аплаузот на авторитарниот свет на агресијата на режимот на Русија врз Украина. Ги гледаме и опомените и најавата за последици од демократскиот свет и ЕУ кон оние кои доаѓаат од државите од Европа, а отидоа на парадата во Москва.

Целата оваа светска драма, предизвикува трагикомична рефлексија во политичкиот простор на Северна Македонија. Трагична поради последиците кон Северна Македонија на антизападната политика. Комична поради банализацијата на политиката која доаѓа од судирот на политиканството во антизападниот македонски политички блок. За жал нема назнаки дека ќе излеземе од автопатот на самоуништувањето.

Многу е интересно да се види како оние „лидери“ кои уживаа на македонската јавност со гордост да ги прикажуваат своите слики со авторитарниот лидер Вучиќ, исто како што гордо, заедно со рускиот амбасадор, во сред Скопје, му аплаудираа на Додик, на неговиот анти-НАТО и анти-ЕУ говор, како и антицивилизациското негирање на геноцидот во Сребреница, сега цели два дена преку своите ботови и пропагандисти го хејтаат Апасиев, кој е отиден во Москва, на парадата на Путин, каде се и Вучиќ и Додик.

Два дена голем излив на љубомора и завист – кој е поблизок до Москва, до изворот на заедничката им политичка идеја на авторитаризмот.

Првиве се љубоморни дека тие се втора рака подизведувачи, работата ја добиваат преку Белград. А му завидуваат на Апасиев, кој за разлика од нив е „храбар“, па е во друштво на Вучиќ и Додик во Москва, со Путин, а не како првите со рускиот амбасадор во Скопје.

Сепак оваа „семејна расправија“ во антизападниот македонски блок нема да им биде проблем сите заедно да продолжат да соработуваат со заеднички сили Северна Македонија да не стане членка на ЕУ, заедно во пакет со Албанија и Црна Гора.

Овој антизападен политички блок има една заедничка цел: Северна Македонија да остане во скутот на „српскиот свет“ на Вучиќ, главен прокси на Путин и руската политика на Западен Балкан.

Тоа е задачата од изворот на нивната заедничка политичка идеја, задача од Москва.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ