• Latest
Фото: Скриншот ФБ Таравари

Алијанса на Албанците на Таравари ја напушта Владата

May 13, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алијанса на Албанците на Таравари ја напушта Владата

May 13, 2025 09:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Скриншот ФБ Таравари

Фото: Скриншот ФБ Таравари

Share on FacebookShare on Twitter

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вчера на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција. Според него, едногласна била одлуката во партијата на оваа средба на која беа партиските функционери и претседателите на ограноците. Тој вели дека се горди на промената во албанскиот политички блок која ја направиле после две децении, но дека промените не биле доволни. Таравари најави дека ќе има уште една средба со премиерот Христијан Мицкоски.

– Констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години. Меѓутоа, меѓутоа промените што ги видовме за жал не ги испорачавме и тоа се секојдневно граѓаните не критикуваат. Затоа ние одлучивме, да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Кога со „Вреди“ се обидувавме околу шест недели и ако имаме сопствени советнички листи да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници, меѓутоа, не успеавме во тоа и денес констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи немаме што да бараме таму, рече Таравари.

Според него, сега партијата подобро ќе функционира надвор од Владата, ќе биде со граѓаните и ќе ги слуша нивните гласови. Таравари тврди дека има огромно незадоволство помеѓу сите граѓани, меѓутоа посебно Албанците за тоа како владее „Вреди“ во оваа Влада.

– На пример, балансерот се тргна и ние ветивме во ноември или декември дека ќе го донесеме законот за правична застапеност. Сега сме веќе 12, 13 мај никаде не е законот. Можеби ова ќе биде тригер фактор, за балансерот да помине овие денови, да ни покажат дека вие неможевте, ете ние го донесовме, меѓутоа и тоа е придонес и тоа е помош. За жал, мора да констатираме дека во повеќето институции Албанците се жалат дека третманот за тие вработени во администрацијата е полошо отколку порано, што нас, искрено, не загрижува. Исто така многу ни е битен и европскиот пат на Македонија. Јас мислам дека ова ќе биде, тежок период за Македонија многу е битно што поскоро Македонија да биде дел од Европската унија, а ние и како опозиција, впрочем, како и кога бевме во власт се обидувавме во овој правец да фасцилитираме и да помогнеме колку што може, истакна Таравари.

На новинарско прашање дали тоа што еден министер и еден пратеник не се со нив, значи дека се одвојуваат од партијата, Таравари негираше.

– Со Фетаи се слушнавме, на пат е, не е во Македонија, со Салими ручавме во 15 часот има семејни проблеми, патува за Струга. Тука се тие освен Арбен Фетаи, кој е надвор од државава, истакна Таравари.

Со ДУИ засега, вели Таравари, нема никаков договор, но имало некаква комуникација. Рече дека практично се во оставка, но нема да ги остават институциите за да може да функционираат и ќе се одат кога ќе се назначат нови луѓе.

– На локалните избори очекуваме АА да биде еден од важните фактори кај Албанците. За сите општини каде треба да се поддржи албански кандидат ќе го поддржиме. Нашата парламентарна група е компактна, како ќе функционира Владата ќе го прашате премиерот. Се надевам дека ќе имаме што повеќе советници, и што повеќе квалитетни кандидати за градоначалници, размислуваме и за кандидат за Општина Тетово, одговори Таравари на новинарските прашања за идните дејствувања.

Тој најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

ФОТО: Скриншот ФБ Таравари

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ