Во руски напад со дрон врз автобус во Сумскиот регион загинаа девет лица, а четворица се ранети, соопштија утринава украинските власти, во инцидент што се случи неколку часа откако Москва и Кијив ги одржаа своите први директни мировни преговори во последните три години.
„Ова не е само уште едно гранатирање, ова е цинично воено злосторство“, напиша украинската национална полиција во објава на Телеграм.
Игор Ткаченко, шеф на воената администрација на Суми, на Телеграм изјави дека е во тек спасувачка операција.
Состанокот меѓу руските и украинските претставници во Турција вчера не донесе привремен прекин на огнот. Тоа беше првиот директен дијалог меѓу двете страни од оној во првите месеци од војната што Русија го започна во февруари 2022 година.
Украинската полиција објави фотографии од речиси уништеното темно сино патничко возило, со откорнат покрив и скршени прозорци.