На 24 мај 2025 година, Русија изврши еден од најмасовните воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, користејќи 367 проектили и беспилотни летала, вклучувајќи ирански Shahed дронови и балистички ракети. Нападот резултираше со најмалку 12 загинати, меѓу кои и три деца, и над 70 повредени лица, објави BBC.
Кијив беше меѓу најтешко погодените градови, со експлозии и пожари во повеќе населби. Во Оболонскиот реон, дрон удри во станбена зграда, предизвикувајќи сериозни оштетувања и повреди кај најмалку пет лица . Во други делови на градот, како Голосијевски и Днипровски, беа оштетени студентски дом и приватна куќа, објави Associated Press.
„Ден 1187. рф изврши масовен напад со балистички и крстосувачки ракети и дронови врз Украина. рф ја продолжува војната, убивајќи секој ден. Молчењето само го охрабрува кремљ да продолжи со убиствата. Потребна е заедничка сила на притисок врз рф. #RussiaIsATerroristState“, напиша украинската амбасадорка Лариса Дир на социјалните мрежи.
Ден 1187. рф изврши масовен напад со балистички и крстосувачки ракети и дронови врз Украина. рф ја продолжува војната, убивајќи секој ден. Молчењето само го охрабрува кремљ да продолжи со убиствата.
Потребна е заедничка сила на притисок врз рф.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/JQ5m6smmJp— Larysa Dir (@dir_larysa) May 25, 2025
Украинската воздушна одбрана успеа да пресретне 266 дронови и 45 крстосувачки ракети, но некои проектили сепак погодија цивилни цели. Во Житомирскиот регион, три деца од исто семејство загинаа, а нивните родители беа хоспитализирани.
Нападот се случи во време кога Русија и Украина спроведуваат размена на затвореници, при што двете страни ослободија по 307 лица, како дел од договорот постигнат во Истанбул.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака ги осуди нападите и повика на нови меѓународни санкции против Русија, нагласувајќи дека Москва продолжува да го пролонгира конфликтот.
Оваа ескалација ја илустрира сериозноста на конфликтот и решеноста на Путин само да ја продолжува војната, а не да понуди дипломатски решенија. Додека Украина продолжува да го брани својот суверенитет, одговорот на меѓународната заедница останува клучен во обликувањето на траекторијата на војната.
Џ. Д.