• Latest

Безбедносната зона околу Собранието не е за забрана на протести туку за заштита од градење на приватни субјекти, велат координаторите на пратеничките групи

June 3, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Безбедносната зона околу Собранието не е за забрана на протести туку за заштита од градење на приватни субјекти, велат координаторите на пратеничките групи

June 3, 2025 13:54
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески нагласи дека целта на законското решение е начин за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму.

-Апсолутно не. Свесни сте и вие дека во Собранието требаше согласно некои претходни постапки да се изгради приватен објект до самото Собрание и од таа причина се бараше катна гаража и од таа причина се бараше решение да се изнајде за надминување на тој проблем, односно просторот околу Собранието да остане само на Собранието. Зошто е даден насловот безбедносна зона на Собранието? Очигледно тоа е начинот за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму, односно потенцијална катна гаража за Собранието без дополнителни некои приватни стопански објекти кои би се нашле на самиот објект. Ова е закон врз кој што е работено подолг временски период во којшто во работната група беа вклучени повеќе институции почнувајќи од Народен правобранител, Град Скопје, собраниските служби, Министерството за транспорт и врски, членови на Владата на кој сите заедно работеа по драфт верзијата. Сите како координатори на пратенички групи во Собранието консензуално го потпишуваме ова законско решение за да се надмине само тој проблем, рече Мицески.

Мицески нагласи дека не се забрануваат протестите туку  како што рече, само се ограничуваат крајните коти на Собранието, а тоа е почетокот на булевар “11 Октомври” до Статистика, односно просторот што ќе припадне во сопственост на Собранието со кое ќе може да располага и да прави активности во склоп на него, а не приватни субјекти.

И координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски истакна дека целта е да се заштити просторот околу Собрание за да не може некој приватен субјект да изгради било каков приватен објект на 2,5 метри до Собранието.

-Низ временски период тоа не е воопшто итна постапка. Во 2009 година тогашната Влада на ВМРО- ДПМНЕ продаде државно земјиште на 2,5 метри од Собрание на приватна фирма за да гради катна гаража и се водеа судски постапки. Вие сте сведоци дека со денот на конституирање на овој законодавен состав веќе започнаа со оградување на просторот за да се гради катната гаража и тоа апсолутно не може во ниту една нормална држава на 2,5 метри со Собрание да имате приватен сопственик на катна гаража коешто ќе се гради до објекти кои се од витални и национални интереси. Токму заради тоа, ова прашање се покрена веднаш по конституирање на Собранието и сега законското решение е готово. Тоа значи дека оваа зона се заштитува за да не може да биде понатаму злоупотребена. Може да му текне утре на било кој друг министер, градоначалник да продава дел од имот кој е имот на граѓаните и кој имот треба да им служи на институциите. Ова заштитена зона го решава тој проблем, да не може да се гради било каков објект ниту сега ниту понатаму освен за потребите на македонското собрание, рече Спасовски.

Блерим Беџети, пратеник на “Европскиот фронт” нагласи дека не е идејата да се ограничуваат протестите. Посочи дека заеднички се договориле заради сосема други цели.

Во Собранието на денешната 51. Седница како 14 точка е ставен Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ