• Latest

Фулнемон: Саморегулацијата е значаен инструмент, но само во нормални држави!

March 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фулнемон: Саморегулацијата е значаен инструмент, но само во нормални држави!

March 24, 2017 17:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Саморегулацијата е само еден од начините да се врати професионалното новинарство во македонските медиуми, особено електронските, коишто имаат најзначајна улога во креирање на јавното мислење. За да се надмине различната перцепција за тоа што е објективен информативен процес, треба да се дефинира јавниот интерес, но и да се воведат казнени мерки во законската регулатива… “,  се дел од заклучоците и предлозите од денешната конференција „Разноликоста на политичките гледишта во телевизиските вести – доминација на јавниот или на партиско-политички интерес“ што во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа во скопскиот хотел „Холидеј ин“.

„Добро информирани граѓани се солидна основа за демократско општество, а тоа може да се постигне само доколку плурализмот на политичките партии и различните размислувања, се отсликуваат во медиумското ‘покривање’. Говорот на омраза и подбуцнувачкиот говор, како и едностраното и подбуцнувачко известување не се плурализам. Дебатите и размената на мислења се можни само кога постои почит меѓу соговорниците. Потребата од независно известување и интересот на другите, никогаш не била поголема и потешка, опфаќајќи ги темите за интеретичка и религиозна толеранција“, рече Ваутер Пломп, холандски амбасадор во Македонија.

Жан Франсоа Фулнемон, белгиски експерт за медиумска политика, говореше за искуствата во европските држави за имплементација на политички плурализам во медиумите. Како што рече Фулнемон, саморегулацијата е значаен инструмент, но само во нормални држави.

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, за време на 100-дневниот мониторинг за предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември 2016 година, регистрирала најчесто прекршување на начелото за објективно, непристрасно информирање за настаните.

„Агенцијата повеќе пати јавно ги лоцираше причините за ниското ниво на почитување на професионалните стандарди, вклучувајќи го и обезбедувањето различни, но еднакво третирани мислења и гледишта. Медиумите и нивните сопственици беа повикани да направат јасна разлика меѓу деловниот, политичкиот и приватниот интерес од една страна, и професионалното известување од друга страна, и независно да ја вршат својата работа“, рече Зоран Трајчески.

Според него, ниту Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, ниту кој било друг закон во Македонија, содржи одредби со кои што би се дале конкретни насоки, како да се обезбеди политичкиот плурализам вон периодот на изборна кампања. Јасни критериуми за тоа што ќе се смета за правично, избалансирано и непристрасно известување се пропишани само во Изборниот законик, и тоа, само во текот на 20-ина денови на изборната кампања. Според тоа, примената на професионалните стандарди и начела во информирањето е исклучиво прашање на саморегулација.

Но, според Советот за етика, професионалното новинарство не може да се потпре само на саморегулацијата.

„Не треба да се потценува моќта на моралните санцкии во медиумите, треба да се надмине отпорот за саморегулација на медиумите, да се учествува во процесот на медијација што го иницираше Советот за етика (СЕМ) и да се прифатат одлуките на Комисијата за жалби на ова тело. Недостигот на разноликост во медиумите, плурализмот на гласови и мислења, злоупотребата на просторот во медиумите за политичките актери, нивната агенда и пораки, па дури и кога тие содржеа потпалувачка и воинствена реторика и говор на омраза, се меѓу најчесто забележаните проблеми нод Советот за етика. На овој начин, ќе се избегне мисионерското и таблоидно новинарство што служи на дадени каузи и цели“, поентираше Марија Тунева, претседател на СЕМ.

Модераторот на Конференцијата, Снежана Трпевска, истражувач во Институтот за комуникациски студии, посочи на потребата од враќање на професионалните стандарди во медиумите, напуштање на говорот на омраза, како и на потребата од итни медиумски реформи, кои беа дел од Извештајот на Прибе, Договорот од Пржино, но и на Блупринтот што го подготви невладиниот ресор во предизборието.

Новинарката Санта Аргирова, уредник на дневникот на МТВ 1, во периодот од 100 дена пред изборите и Шкелзен Аќифи, уредник во ТВ Алсат М, зборуваа за проблемите со кои се соочувале при подготовка на информативни содржини, согласно со професионалните стандарди и начела во новинарството.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразаДоговор од ПржиноИнститут за комуникациски студииконференцијамедиумски реформиМРТВполитички плурализам во медиумитесаморегулацијаСЕМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result