• Latest

Неопходна е поголема свесност за потребите на лицата со инвалидитет!

March 27, 2017

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неопходна е поголема свесност за потребите на лицата со инвалидитет!

March 27, 2017 13:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, дури 64 немаат овозможен пристап до вториот кат за лица кои се движат со помош на инвалидска количка! Од нив, 20 институции не обезбедуваат пристап за овие лица ниту на првиот кат?!

Ова се резултати на истражувањето спроведено во рамки на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” што го спроведува Фондацијата за одржлив економски развој „ПРЕДА Плус“, во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

„Во Вардарскиот регион овозможен е пристап до вториот кат во две основни училишта, преку изградбата на лифт. Ваквата достапност и пристап е постигната со помош и поддршка од донации. Македонија располага со обележан паркинг простор за лица со посебни потреби, но свеста на граѓаните за рационална употреба, сé уште е на ниско ниво“, велат од „ПРЕДА Плус“, од каде алармираат за поголема свесност за потребите на лицата со инвалидитет – за остварување на основните човекови права.

Имплементаторите на проектот бараат за лицата со посебни потреби да се обезбеди непречен пристап и движење до и во образовни институции, здравствени установи, државни установи, станбени објекти, спортски и културни установи.

Ова барање е согласно правното уредување на државата кое потврдува дека Македонија е обврзана да ги прилагоди архитектонските барања, според потребите и претходно утврдените стандарди и правила за обезбедување што поголема пристапност на граѓан(к)ите до јавните објекти.

Спротивно на тоа, како што е наведено во истражувањето, бројни примери од минатото говорат за пристап сокој граѓан(к)ите ги прилагодувале своите потреби според општествените услови.

„Архитектонска пристапност, подразбира целосен пристапен влез и рампа, пространа површина во јавните установи за движење со количка, лифт за пристапност до вториот кат, овозможен паркинг-простор наменет за лица со посебни потреби, обележан со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, тактилни патеки и звучни семафори за лица со оштетување на видот и соодветно осветлување во јавните установи за лица со оштетен слух“, велат од „ПРЕДА Плус“.

Во рамки на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија”, изготвена е и анализа за степенот на образование на лицата со посебни потреби. Истражувањето покажува дека во 2015 година, само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, 5 станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии.

И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од Буџетот на Република Македонија, бројот на лица кои завршуваат соодветно образование е исклучително низок.

„Знаејќи дека високото образование го трасира патот до побрзо вклучување на пазарот на трудот, очигледна е потребата од поголем интерес на надлежните за оваа состојба и преземање на конкретни мерки”, велат од проектниот тим.

М. Теговска

Tags: инвалидска количкаистражувањејавни институцииобразованиеПРЕДА Плусчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ