• Latest
Зеленски на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна

June 25, 2025

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна

Путин мисли само на војна. Тоа е факт. Го поврзува сопственото политичко опстојување со способноста да продолжи да убива: додека убива – живее.

June 25, 2025 14:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Зеленски на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Зеленски на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Нема никакви знаци дека Путин сака да ја запре оваа војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до учесниците на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг на 24 јуни.

Русија ги отфрла сите мировни предлози, вклучително и оние што доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Путин мисли само на војна. Тоа е факт. Можно е тој да го поврзува сопственото политичко опстојување со способноста да продолжи да убива: додека убива – живее. Нашите разузнавачки служби го потврдуваат тоа, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател предупреди дека Русија дури и планира нови воени операции на територијата на НАТО, односно на територијата на држави на учесниците на Форумот..

Оваа војна во моментов се води во Украина, и неопходно е добро да се подготвиме – да бидеме подготвени. Без сомнеж, мораме да го запреме Путин сега и во Украина, но исто така мораме да сфатиме дека неговите цели одат подалеку од Украина.

Зеленски се сложува дека европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана и смета дека 5% од БДП е соодветно ниво. Тој нагласи дека Обединета Европа е способна да изгради такви одбранбени капацитети што ќе ја уништат руската илузија дека војната со Европа може да ѝ донесе нешто.

Потенцирајќи ги капацитетите на одбрамбената индустрија на дека Украина, Зеленски  истакна дека земјата може да произведува над 8 милиони дронови од различни видови секоја година и повика на зголемени инвестиции од сојузниците за да се достигне тој потенцијал.

Форумот за одбранбена индустрија кој се одржува во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг на кој се очекува земјите-членки да се обврзат на значително зголемување на трошоците за одбрана – до 5% од БДП и каде се закажани разговори меѓу Зеленски и Трамп за рано попладне, при што двете страни ќе го финализираат дневниот ред.

Самитот на НАТО доаѓа една седмица по Самитот Г7 во Канада, на кој, како што објави ЦивилМедиа, не успеаја да се сретнат претседателите на САД и Украина, откако прво Трамп, а потоа и Зеленски предвреме го напуштија Самитот, додека преостанатите членки на Групата  Г7 не успеаја да издадат заедничка изјава за војната во Украина откако САД инсистираа да се ослабне формулацијата.

Д. Мишев

Tags: Володимир ЗеленскиФорумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ