• Latest
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

30 години од геноцидот во Сребреница: Во Поточаре денеска ќе бидат погребани останките на уште 7 жртви

July 11, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

30 години од геноцидот во Сребреница: Во Поточаре денеска ќе бидат погребани останките на уште 7 жртви

July 11, 2025 08:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Денес, целиот свет ќе застане за момент за да се сети на невините жртви на злосторството над злосторствата – геноцидот во Сребреница што се случи пред точно 30 години, пред целиот свет.

Во Меморијалниот центар на Сребреница – Поточари, денес ќе се одржи програма по повод 30-годишнината од геноцидот во „Безбедносната зона на ОН“ во Сребреница.

Исто така, ќе бидат погребани останките на 7 жртви од геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница.

За време на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, силите на Армијата на Република Српска (ВРС) убија околу 8.000 мажи и момчиња во Сребреница и нејзината околина. Досега се идентификувани и погребани 6.671 лица.

Досега, 47 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор за тие злосторства.

Радован Караџиќ, првиот претседател на босанскиот ентитет Република Српска (РС), беше осуден во Хаг на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување во други делови на Босна и Херцеговина.

Врховниот командант на ВРС, Ратко Младиќ, исто така беше осуден на доживотен затвор за геноцид во истиот суд.

Осудени беа и Љубиша Беара, поранешен началник на обезбедувањето на Главниот штаб (ГШ) на Армијата на Република Српска (ВРС), Здравко Толимир, поранешен помошник командант за разузнавање и безбедносни работи на Генералштабот на ВРС, и Вујадин Поповиќ, началник на обезбедувањето на Дринскиот корпус на ВРС.

Злосторството во Сребреница од јули 1995 година е единственото што се случи на територијата на поранешна Југославија и кое беше окарактеризирано како геноцид пред меѓународните и домашните судови.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина го прогласи 11 јули за Ден на жалост во овој ентитет, додека ден на жалост не беше прогласен во другиот ентитет, РС, односно во целата земја. Тој е ден на жалост и во округот Брчко.

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 78/282, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на размислување и одбележување на геноцидот во Сребреница од 1995 година. Оваа резолуција, иницирана од Германија и Руанда, има за цел да се сети на жртвите од масакрот во Сребреница, да го осуди негирањето на геноцидот и да ja промовира едукацијата за спречување на идните злосторства.

Д. Т.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ