• Latest
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Филозофот Мицкоски

July 21, 2025

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Филозофот Мицкоски

July 21, 2025 13:42
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Од интервјуто што го даде премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 на 17 јули не очекував ама баш ништо посебно, но морам да признам, ме изненади со едно признание. Ќе набројам само неколку поенти, со забелешка дека дел од овие констатации се однесуваат на неговите јавни настапи воопшто.

Ајде прво за општите впечатоци кои воопшто не се изненадувачки.

Ако не навлеземе во длабочината, тогаш ќе останеме на површината – гласи неговиот прв став во интервјуто. Каква филозофска позиција! Освен што е прецизен математичар, тој сè почесто се прославува и како филозоф.

Океј, ајде малку посериозно…

Мицкоски е еден од оние ликови што во секоја прилика се трудат да остават впечаток на самоувереност и непоколебливост. Многу се труди да ја увери публиката дека знае (за) што зборува, дека е подготвен и дека има идеја што понатаму. За жал, повнимателна анализа на тоа што го зборува и начинот на кој се изразува – ќе го открие обратното по сите три основи: не знае (за) што зборува, ни оддалеку не е подготвен и не покажал дека има идеја што треба да се направи по некое прашање, ниту во краток, ниту на долг рок (тоа па ич).

Очигледно, на Мицкоски му е доволно што има некаков став, за кој не знаеме дали е негов или му е нарачан. Од неговите јавни настапи не може ни да се насети дека има некаков план за клучни прашања, а за стратегија и да не говориме.

Не знам како јавноста не е шокирана, бидејќи Мицкоски во интервјуто самиот открива еден скандалозен податок – потврди дека токму тој има заслуги идентитетските прашања да бидат дел од предлог-извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија. Дали тоа беше колосален гаф или намерно преземање заслуги за нешто што е тотално излишно, сега не е ни важно, а во политичка смисла на зборот сигурно е наивно да се признае такво нешто. Во секој случај, оваа „идентитетска операција“ одлично му оди во прилог, бидејќи самиот извештај содржи голем број констатации што ни оддалеку не зборуваат добро за земјата, а уште помалку за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговото како премиер.

Последиците од оваа „грешка“ со манипулирање на прашањето за македонскиот идентитет, затворено пред 80 години, веќе се видливи, а допрва ќе се продлабочуваат.

Мицкоски е груб во својот настап и во еден момент дури и го навреди својот домаќин, дисквалификувајќи го како глупост неговото прашање за тоа дека внесувањето на бугарското малцинство само по себе значи признание на посебноста.

Тој ја навредува и интелигенцијата на македонските граѓанки и граѓани со своето – далеку од вешто – избегнување да одговори на сите важни прашања. Накратко – лош настап на целосно неподготвен популист, чија единствена потреба е да го сврти вниманието од тешките прашања со тоа што ќе предизвика тензии и поделби врз основа на непостоечки или одамна решени идентитетски прашања.

Тој веќе не се труди да го скрие својот антиевропски став, иако не пропушта да каже дека се залага за влез на земјата во ЕУ. „Ќе бидеме најдобриот ученик во класот“ е ветување што обично го дава лош ученик.

Дека се работи за добро разработен пропаганден план да се занемарат и да се задушат сите теми важни за луѓето и за државата, да се кренат тензиите со Бугарија, а секако и да се предизвикаат тензии и внатре во земјата – по политички и етнички основи – може да се заклучи и од споменатото интервју, но и од настапите на високи партиски функционери.

Прво, го слушнавме повторувањето на повикот за „заедничка резолуција“ на Бугарија и Македонија и преку прес на Антонио Милошоски. Еден ден подоцна, Миле Лефков на прес ја обвини Бугарија – НАТО сојузник – за хибридни операции, што е само друго име за хибридна војна.

Затоа, и по ова интервјуто на Мицкоски и настапите на владејачката партија потоа, време е и најголемите ЕУ оптимисти да се збогуваат со европската иднина на Нашата земја, како што властодршците упорно ја нарекуваат Македонија во јавноста. Од никогаш Северна, испадна никогаш Македонија – но тоа е друга приказна. Патриотска.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ