• Latest
Фото: СДСМ

Додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика, вели Костова за петте типови синдикални кошнички на премиерот

July 22, 2025

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика, вели Костова за петте типови синдикални кошнички на премиерот

July 22, 2025 15:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон. За само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари. Годишната инфлација достигна 4,5%. Ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски, изјави на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Таа нагласи дека „и во вакви услови, додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика со „пет типови синдикални кошнички“.

Фактот дека народот нема пари, вели Костова, не може да се сокрие со инженеринг во бројот на кошнички.

„Владата на Мицкоски и ДПМНЕ мислат дека ќе го заташкаат осиромашувањето на народот. Тие се целосно одлепени од реалноста и јасно потврдуваат дека немаат намера да преземат никакви мерки за да им помогнат на граѓаните. Додека кошничката на Владата е полна со скапи деликатеси, папаја, манго и аспарагус, луѓето немаат ниту за основни потреби.

Инфлацијата го јаде семејниот буџет, а Владата ништо не презема.

Кога станува збор за функционерите, има пари, а за народот нема. Македонија е на дното по животен стандард во Европа.

Време е Владата да престане со ПР и калкулации и конечно да ги прифати мерките што СДСМ ги предлага од првиот ден:

– Зголемување на минималната плата на 500 евра;

– Укинување на ДДВ на храна.

Ова се вистински, конкретни чекори што ќе донесат реална помош и ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

Сѐ друго е манипулација на сметка на народот кој едвај преживува.

Сиромаштијата не се решава со измислување нови кошнички – туку со одговорна политика и конкретни мерки, ама веднаш“, истакна Костова.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера истакна дека ќе предложи анализа на потрошувачката кошничка поделена во пет сегменти.

-На Економско-социјален совет претставниците на синдикатите, на работодавачите и Владата ќе разговараат и за потрошувачката кошничка, којашто мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачката кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за трочлено семејство, за четири члено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека треба во иднина да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички, затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира. Но, исто така потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочината една заедница, изјави премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека ова ќе биде неговиот предлог на Економско-социјалниот совет, а предлогот доаѓа по средбите и разговорите со академската фела.

-Мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско-социјален совет, да имаме неколку потрошувачки кошнички, бидејќи потребите на еден пар пензионери не е ист како на еден млад брачен пар, или пак на трочлено и на четири члено семејство или пак на самец. Јас немам проблем да направиме една ваква темелна анализа, бидејќи само со повеќе анализи, со повеќе податоци можеме да дојдеме до подобри резултати, вели Мицкоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ