Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави трговска рамка со Јапонија воведувајќи данок од 15% на увезени стоки, јавува Асошиетед прес.
„Овој договор ќе создаде стотици илјади работни места – никогаш немало нешто слично“, објави Трамп на Truth Social, додавајќи дека Соединетите Американски Држави „секогаш ќе продолжат да имаат одлични односи со земјата Јапонија“.
Трамп рече дека Јапонија ќе инвестира „по моја насока“ 550 милијарди долари во САД и ќе ја „отвори“ својата економија за американски автомобили и ориз. Данокот од 15% на увезената јапонска стока е значаен пад од стапката од 25% за која Трамп, во неодамнешното писмо до јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, рече дека ќе се воведе почнувајќи од 1 август, пишува АП.
Рано во среда, Ишиба го призна новиот трговски договор, велејќи дека тој ќе им користи на двете страни и ќе им помогне да работат заедно.
Со објавата, Трамп се обидува да се пофали со својата способност како склучување договори – дури и кога неговите царини, кога првично беа објавени на почетокот на април, доведоа до паника на пазарот и стравови од побавен раст кои засега се чини дека се намалија.
Според АП, клучните детали од неговата објава останаа нејасни, како на пример дали автомобилите произведени во Јапонија ќе се соочат со повисока царина од 25% што Трамп ја воведе во секторот.
Д. Т.