• Latest
Фото: Принтскрин

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот, опозицијата смета дека е скроен како предизборен поткуп за изборите

July 23, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот, опозицијата смета дека е скроен како предизборен поткуп за изборите

July 23, 2025 09:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вчера со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година.

Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ.

Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски производи и завршени инфраструктурни проекти.

Опозицијата со забелешка за неприсуството на министерката за финансии во попладневниот дел од расправата што според нив укажува на несериозноста на Владата кон овој стратешки документ. За опозицијата, Дополнетиот ребаланс на Буџетот е буџет кој се фокусира на краткорочни мерки, во кој не се испочитувани основните фискални правила и кој е скроен за поткуп на изборите во октомври.

Според Фатмир Битиќи од СДСМ, ребалансот не е развоен и не е социјално одговорен, туку е буџет за селективна поддршка со краткорочни политички пресметки, скроен како предизборен поткуп за изборите во октомври.

Осврнувајќи се на буџетскиот дефицит, Битиќи рече дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП и дека тоа е над законски дозволената граница од 3 проценти или максимум 3,5 проценти во исклучителни услови како што се некоја катастрофа или глобален шок.

– Денес немаме никаков глобален шок, ниту криза, туку имаме криза во планирањето, криза во отченоста, криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава, рече Битиќи.

Посочи дека буџетскиот дефицит е повеќе од двојно зголемен од крајот на април до средината на јули што, според него, е јасен показател дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.

Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува и домашното и надворешното задолжување со што се создава товар за идните генерации, посочувајќи дека со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, а надворешниот за 1,38 милијарди и дека е најавено ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината.

– Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1 проценти од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста, рече Битиќи, прашувајќи дали овие обврски се пресметани во ребалансот.

Посочи дека зголемени се трошоците за стоки и услуги и дека дуплирана е ставката за набавка на автомобили, а за ЕКСПО 2027 што ќе се одржува во Србија, Владата ќе потроши 1,8 милиони евра за штанд од 134 метри квадратни, односно 5.550 евра по метар квадратен.

Во однос на Законот за линеарно зголемување на пензиите, Битиќи рече дека со ваквото законско решение 92 проценти од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.

Пратеникот Халил Снопче се осврна на зголемувањето на цените на основните прехранбени производи посочувајќи дека 25 проценти од населението живее во сиромаштија, а цените во државата се повисоки од државите во регионот и од европските држави.

– Ребалансот не предвидува ништо конкретно за подобрување на овие параметри и ја става во опасност фискалната реализација. Нема реална преспектива за економско подобрување на државата, рече Снопче.

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на 16 јули беше усвоен од страна на Владата и во него беа вградени дел од амандманите што произлегоа од амандманската расправа во Собранието. Со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.

Станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница рече дека предложените измени и дополнувања на Буџетот произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината.

Измените, како што посочи, не го менуваат суштински пристапот на Владата, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и поефикасно користење на расположливите извори на финансирање.

На крај на денешната расправа, министерката за финансии рече дека нема да се финансира изборна кампања, туку дека ќе се финансира изградбата на болници, училишта, патишта.

– Ќе се финансира развој, овој ребаланс е потребен и насочен е кон иднината, рече Димитриеска-Кочоска.

За инфлацијата, рече дека како Влада се свесни за притисокот врз граѓаните и дека токму затоа се обезбедени повеќе средства за зголемување на пензиите, платите, за социјална заптита и за стабилизирање на пензискиот систем. Ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека линеарното зголемување ќе важи за сите пензионери.

Поочи дека буџеткиот дефицит е внимателно планиран и дека задолжувањето е одговорно со поволни камати за што податоците е јавно достапни. Во првите шест месеци од годината, како што посочи, приходите е зголемени за 8,6 проценти, а расходите бележат рат од 5,1 процент.

Фото: Принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ