• Latest

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025 19:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на сознанијата на Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) кој бележи зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во пресрет на локалните избори, го издвојуваме  порталот А1он  кој се труди да стане поголем „спутник“ од оригиналниот истоимен руски медиум (инаку забранет за пренесување во ЕУ и кај нас), во земјава, но и во регионов.

Во конкретниот случај, ЦХТМ анализира објава на А1он со наслов „Украинците бегаат“, во кој медиумот  пренесува сторијат на (исто така забранет за реемитување) водечкиот руски пропаганден државен медиум РашаТудеј (РТ) со наслов „Речиси 400.000 луѓе ја напуштиле украинската армија“ каде се цитира извесна украинска пратеничка Ана Скороход која тврди дека речиси 400.000 украински војници ги напуштија своите единици без дозвола, а многумина немаат планови да се вратат поради ужасниот третман од страна на нивните претпоставени.

Резултатите од пребарувањето на интернет покажува дека освен А1он, пропагандниот текст на руската РТ го пренел само српскиот портал Нулта Тачка.

За релевантноста на она што го кажува украинската пратеничка Ана Костјантиновна Скороход, може да пресудите според нејзината биографија. Таа е украинска политичарка која моментално е народен пратеник на Украина, претставувајќи го 93-от изборен округ на Украина од 2019 година, избрана како член на Слугата на народот. Скороход беше исклучена од партијата во ноември 2019 година откако тврдеше дека владата го уапсила нејзиниот сопруг поради нејзиното одбивање да ја поддржи либерализацијата на пазарот во земјата.

Сега, Скороход е член на „За иднината“ – политичка партија во Украина директно поддржана од олигархот Игор Коломојски. Кој е тој? Во 1992 година беше ко-основач на „ПриватБанк“ и нејзината неформална група компании – „Приват Груп“. Подоцна, оваа групација стекна обемни медиумски удели. Од 2014 до 2016 година, Коломојски беше гувернер на Днипропетровската област, сè до неговото разрешување од страна на претседателот Петро Порошенко. Таа година, неговата недоволно капитализирана банка беше прогласена за закана за финансиската безбедност на Украина и беше преземена во државна сопственост.

Во 2019 година, медиумската моќ и финансирањето на Коломојски ја поддржаа успешната претседателска кампања на Володимир Зеленски за соборување на Порошенко. Во 2020 година, тој беше обвинет во САД по обвиненија поврзани со банкарски измами од големи размери. Во 2021 година, САД им забранија на Коломојски и неговото семејство да влезат во земјата, обвинувајќи го за корупција и закана за довербата на украинската јавност во демократските институции. Зеленски, наводно, му го одзел украинското државјанство на Коломојски во 2022 година. Подоцна истата година, средствата на Коломојски кои се сметаа за стратешка вредност за државата во светлината на руската инвазија беа национализирани. Меѓу нив беа и најголемите компании за бензин во Украина. Во 2023 година, Коломојски беше уапсен од Службата за безбедност на Украина (СБУ) по обвинение за перење пари и измама и беше ставен во притвор пред судењето, пишува Драган Мишев во анализата „ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори“.


Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ:

ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

Tags: македонски проруски медиумируска пропаганда и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ