• Latest
Gragjanski Forum

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да се откочи процесот за влез во ЕУ и да се сузбие руско-српското влијание во земјата, порачаа граѓаните

August 11, 2025

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да се откочи процесот за влез во ЕУ и да се сузбие руско-српското влијание во земјата, порачаа граѓаните

August 11, 2025 11:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Gragjanski Forum

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

И на минатиот редовен петочен граѓански форум, граѓаните испратија јасни пораки до властите, продолжија со повиците за сузбивање на корупцијата,  повторно побараа од властите да си заминат. Не изостанаа ниту постојаните повиците до властите да работат за граѓаните, како и многу други пораки што ќе ги прочитате во продолжение.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите? 

 

Што им порачаа граѓаните на властите минатиот петок, на граѓанскиот форум на Цивил Медиа?

-Деблокирање на европскиот интеграциски процес

– Влез во ЕУ заедно со Р.Албанија

Граѓаните бараат од властите да се сузбие руско-српското влијание во земјата, да се преземат конкретни мерки за скандирањата на спортските натпревари, да се одземат „украдените“ имоти.

Меѓу пораките се најде и една во која се бара сузбивање на „албанскиот радикализам и сепаратизам“ во Македонија.

Граѓаните бараат чесни судии, некорумпирани политичари, да работат повеќе за народот а помалку за своите џебови.

Секоја главна улица да има банкини, будејќи  банкините  штитат од поплави и земјотреси, порача еден од нашите читатели.

Да има мирни и фер избори, граѓаните да избираат без сугестии и ветувања, политичарите да не си ги мерат силите туку разумот, гласи една од пораките.

Секако, не изостанаа ниту пораките да си заминат, што побргу, и дека главната порака политичарите ќе ја добијат на изборите во октомври.

Пораките од петочниот граѓански форум можете да ги проследите на линкот во продолжение.

Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден  и слободен простор ( каков што впрочем  со години е ЦИВИЛ) во кој тие  ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Подготви: Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ