• Latest

Вторник е, еј…! (II)

April 18, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вторник е, еј…! (II)

April 18, 2017 10:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Велигденските празници, најубави мои, вака или онака, продуцираа уште еден доказ дека лудилото – односно идејата дека постои завера на „предавниците”, „кодошите”, „Шиптарите” и „соросоидите” за поделба на Македонија – постои само во главите на лудаците. Ќе прашате зошто?

Пишува: Петрит Сарачини

Па, ви се молам, кој нормален непријател на нашата вечна, ем библиска, земја би пропуштил ваква шанса, да начека една цела нација заспана, а нејзините „бранители“ ем „патриоти“, впуштени во „упражњавање“ на празниците, не само во земјава, туку и во соседството, а и пошироко, со празни и неодбранети улици, институции и граници? Многу бре, „увиѓајни“ ова душманите на Македонија!

Сепак, не спиеја сите. Предупредувањата да не се патува во Македонија за време на празниците се употребија и злоупотребија на очекуваниот начин. Се летаа хеликоптери, се поставија до заби наоружани луѓе на стражи пред верски објекти, се пумпаше лудило во јавноста преку мегафоните на началниците. Паранојата и стравот мора да се одржуваат. Но, по сè изгледа, народот не се прими на овие провокации, и наместо непријатели, реши да сотрува јагниња, јајца, „мимози“… Традиционално, нели.

Улиците останаа празни. Трпезите беа полни, но не до толку, за да предизвикаат стомачни маки кај изгладнетиот македонски народ. Годинава поминавме без ниту еден прејаден, јавија болниците. Каква среќа.

Во таква атмосфера, на гости ни дојде Карл Билд, поранешен шведски премиер и експрв човек на шведската дипломатија, многу влијателен политичар во меѓународната заедница. Поради распуштената власт и празниците, немаше никој од раководството да го пречека. Навистина Хорхе побарал средба, ама Билд имал поинакви планови. Штета.

А се сеќаваме дека оние кои го примаа Билд на Балканов и во 90-тите беа прогласувани за „добри момци“, потоа завршија во Хаг. И нашите момци, очигледно имаат потреба сега да се среќаваат со Билд и да бидат добри. Башка, нели они со Хаг си завршија работа на време. Сега се во парламентот, по институциите, на власт… И, како што кажаа, имаат намера да тераат до крај. Со мали, повремени, неколкудневни празнични паузи, за да одморат и тие, а богами и душманите.

Уште една добра вест за време на празниците, особено за „патриотите”. Ердоган победи на референдумот во Турција, и се здоби со право да биде модерен султан. А кај нас? Е, кај нас, такво нешто нема да може да се направи со Грујо. Од проста причина што, како што засега стојат работите, не дека нема јунаци за да побараат такво нешто, туку нема ниту кој да го распише референдумот. Жално.

Затоа, берете ум. Фатете се за работа, но немојте да давате премногу зорт. Оти, ене го Први мај. И пазете кому дигате рака на улица. Вторник, е, еј…

Tags: „соросоиди“БилдВелигденГруевскиЕрдоганјагнињапатриотиПрви Мајреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ