• Latest
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025 19:37
in АКЦЕНТ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Фото; СДСМ/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори, двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ настапуваат со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи.

Како што се вели во анализата на Драган Мишев „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи,“ опозициската СДСМ ја гради својата кампања врз критика кон владејачката партија со наративот дека државата се движи кон реставрација на авторитарни модели.

Партијата предупредува дека локалните избори се тест за демократијата и европската перспектива. Нагласена е тезата дека ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата во изолација, ја партизира администрацијата и ја злоупотребува власта за теснопартиски интереси, но, од друга страна, и СДСМ, наместо чисто програмска дебата, исто така прибегнува кон остри квалификации и предупредувања за „опасноста од заробување на државата“.

Истовремено се нагласува дека во изминатиот периот, и на државно, но и на локално ниво, вадејачката ВМРО-ДПМНЕ ги изневерила граѓаните со неостварување на ветените проекти.

СДСМ ги мобилизира своите поддржувачи со порака за „одбрана на европската иднина“, прикажувајќи се себеси како модерна и реформска алтернатива. Во јавниот дискурс тие инсистираат дека демократијата и европската интеграција се загрозени и дека локалните избори ќе бидат тест за отпор кон „реставрацијата на старите практики“.

На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле во подредена улога во владината коалиција со ДУИ, одговараат дека во сегашната владина коалиција премногу му се дозволува на албанскиот партнер ВЛЕН, со многу често наведување на примерот со Општина Чаир, каде според нив премиерот Мицкоски, заедно со министерот на МВР, Панче Точковски, не можат да им застанат на пат на дивогредбите и самоволието на функционерите на ВЛЕН.

Од СДСМ во критиките кон владејачката партија, акцент ставаат на тоа дека  ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, граѓаните плаќаат, олигарсите заработуваат, како и на порастот на криминалот, небезбедноста во државата и заканувачкиот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ која ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

Сепак, се чини како опозициската СДСМ да не е доволно агилна, нејзиното делување се сведува воглавно на штури соопштенија, без вистинска акција, и изгледа како најголемата македонска опозициска партија да пропушта да поентира на очигледните „грешки во чекори“ на политичкиот опонент кој е на власт, како на пример кога пропадна иницијативата на Мицкоски за внесување на идентитетските прашања во извештајот на ЕУ за напредокот на земјава, и набргу потоа исчезнувањето на македонското малцинство од извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Бугарија.

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ