Премиерот Христијан Мицкоски вчера вечер на својот Инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а денеска ќе го следат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Португалија и Унгарија во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026.
,,Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија и гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта. Се гледаме во среда кај Боби во Гази Баба на настан. Вечна Македонија“, напиша Мицкоски на Инстаграм.