Во рамките на политичката програма, тоа е фокусот и она со кој што ќе идеме. Сите овие главни цели кои што ги веќе излистав, си имаат свои активности, си имаат свои показатели и си има една посебна рамка која што е направена со експерти во кој што како ќе делуваме и тоа во текот на оваа кампања со тие месни комитети кои што ние си ги формиравме заедно со унијата на Ромите, ќе ги посетиме и ќе ги објасниме.
Но она што е клучно со оваа моја кандидатура која што сакам да пратам една поголема порака на градот, Скопје, дека Ромите повеќе не се оние кои што го прлаат градот и не се само тие кои што ја загрозува целата слика на градот. Огорчени сме веќе од затворени врати, огорчени сме од дискриминацијата системска, огорчени се не само Ромите, исклучително Ромите се во најголем број, но исто така и по малите етнички заедници го трпат истото како и ромската заедница.
Огорчени сме од донесување на пресуди, паушално само поради тоа што некој е Ром или Албанец или е Турчин или само некој што нема политичка позадина позади него. Мислам дека е време да застанеме исправено пред сите други и рамо до рамо со нив да се носиме со тоа што го имаме во нас и да донесеме заеднички промени во овој град.